Бановски Ниви — археолошко наоѓалиште во Виница. Претставува осамен наод од железното време. Во почетокот на 80тите години на XX век жител на Виница купил питос од непознати лица. Питосот бил пронајден при ископ за изградба на пат на место што се наоѓа до дворот на Основното училиште „Славчо Стојменски“ во Виница. Инаку во дворот на училиштето постои исто така археолошко наоѓалиште „Ила“, каде во 70-тите години на XX век била откопана и бронзена фибула од типот на еднојазолни лачни фибули со плочеста нога. Во 2017 година, семејството што го поседувал питосот го подарил на виничкиот музеј.

Поврзано Виница — средновековна населба; Пазариште — населба од римското време; Виничко кале — утврдена населба од доцноантичкото време; Горица — населба од доцноантичкото време и старохристијанска базилика; и Ила — некропола од железното време.

Наводи

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Виница