Музејот на дејците на ВМРО од Штип и Штипско, познато и како Андонова куќа, — историски музеј во Ново Село, Штип. Градбата, која е дел од староградската архитектура, е заведена како Културно наследство на Македонија под називот Куќа на ул. „Крсте Мисирков“ бр. 34. Музејот е посветен на дејци на ВМРО и нејзината револуционерна дејност во и околу реонот на градот Штип.
Историја Како куќа Преродбенската куќа била во сопственост на семејството Андонови.
Како музеј Градбата била реставрирана и откупена од Министерството за култура. Музејот службено бил отворен од тогашниот премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев во 2014 година.Отворен Музејот на дејците на ВМРО од Штип и Штипско // Вечер, 2014-12-20.
Во музејот се изложени документи, оружје и предмети, како и 11 восочни фигури на учителите во Штип и водачи на македонската револуционерната организација, Гоце Делчев, Даме Груев и Ѓорче Петров како и на многу штипски дејци меѓу кои Мише Развигоров, Тодор Александров и Ванчо Михајлов.
Во музејот е опфатен периодот од основањето на ВМРО во 1893 година до ликвидирањето на ВМРО во 1934 година и е под јурисдикција на Заводот и музеј - Штип.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Музеи во Штип Категорија:Историски музеи во Македонија Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Штип Категорија:Ново Село (штипска населба)