мини|десно|300п| Тихоокеански часовен појас (, PT) — часовен појас кој опфаќа делови од западна Канада, западни САД и западно Мексико. Местата во овој појас следат стандардно време одземајќи осум часа од координираното универзално време (UTC−8). При летно сметање, часовното отстапување е UTC−7.

Во САД и Канада, појасот се нарекува „тихоокеанско стандардно време“ (Pacific Standard Time, PST) при стандардното сметање (од почетокот на ноември до средината на март) и „тихоокеанско летно време“ (Pacific Daylight Time, PDT) при летно сметање (од средината на март до почетокот на ноември ). Во Мексико појасот се нарекува „северозападен појас“ () и се применува истото стандардно и летно сметање како во другите две земји.

Најголем град во појасот Лос Анџелес со неговата метрополитенска област.

Тихоокеанскиот часовен појас е два часа понапред од хавајско-алеутскиот, еден час понапред од алјаскиот, еден час зад планинскиот, два часа зад централниот и три часа зад источниот часовен појас.

Канада Појасот целосно опфаќа само една територија во Канада:

Времето во една покраина и една територија е поделено на тихоокеанскиот и планинскиот појас:

— сите, освен коридорот на Автопатот 95 (вкл. Голден и Крестон) на југоисток и Тамблер Риџ, Форт Сент Џон и Досон Крик на североисток — Тангстен

Мексико Во Мексико, појасот ги опфаќа следниве места:

— островот Кларион

САД Две сојузни држави на САД целосно влегуваат во поајсот:

Три сојузни држави временски се поделени во тихоокеанскиот и планинскиот појас:

— Ајдашки Изданок — сите, освен Вест Вендовер и Џекпот, Маунтан Сити, Овајхи и Џарбиџ. — сите, освен најголемиот дел од округот Малхир

Една сојузна држава временски е поделена на тихоокеанскиот и алјаскиот појас: — Хајдер

Поврзано Тихоокеански Северозапад Тихоокеански Југозапад

Белешки

Надворешни врски Официјални времиња во Канада Карта на часовните појаси во САД

Категорија:Часовни појаси Категорија:Време во Канада Категорија:Време во Мексико Категорија:Време во САД