Наташа Петровска (родена на во Битола) — градоначалник на Општина Битола од 2017 до 2021 година.
Животопис Наташа Петровска е родена на 18 декември 1971 година во Битола. Има завршено основно образование во ОУ „Д-р Трифун Пановски“ - Битола, и средно во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Таа е дипломиран професор по математика на Природно-математичкиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Подоцна, таа станала магистер по менаџмент на човечки ресурси при Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје. Таа станала вработена како професор почнувајќи од 1995 во СОТУ Ѓорги Наумов - Битола, со дополнување на часови и во економското „Јане Сандански“ веќе четири години. Работела и пет години во Приватна гимназија - Битола. Таа е сопруга и мајка на две деца.
Личен живот Потекнува од семејство каде најзастапена како професија е учителствувањето и музиката. После војната нејзиниот дедо образувал низа возрасни кои станале наставници во Битола, а нејзина посебна гордост е брилјантната интерпретација на Битола Бабам Битола од нејзиниот чичко Добри Ставрески.
Пред да стане градоначалник, Петровска била член на ИО на ОО Битола во два мандати, член на ИО на СДСМ Македонија 4 години и координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Битола.
На локалните избори 2017 година, избрана е за градоначалник на Општина Битола со освоени 33.133 гласови од вкупно 83.692 гласачи во општината, или 59,77%.
Надворешни врски Градоначалник. БИОГРАФИЈА НА НАТАША ПЕТРОВСКА – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА БИТОЛА
Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Битола Категорија:Македонски средношколски професори Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Градоначалници на Општина Битола Категорија:Апсолвенти на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје