Горна Франција (, букв. „Француски Висови“) — регион во Франција создаден со територијалната реформа од 2014 г. со спојување на Север-Па де Кале и Пикардија. Новиот регион настанал на 1 јануари 2016 г. по регионалните избори од декември 2015 г. Државниот совет на Франција го одобрил името на 28 септември 2016 г. и истото стапило на сила на 30 септември истата година.
Регионот зафаќа површина од и има население од 5.973.098 жители.
Географија Горна Франција се граничи со Белгија (Фландрија и Валонија) на североисток, протокот Ламанш на северозапад и регионите Големиот Исток на југоисток, Ил де Франс на југ и Нормандија на југозапад. Одделен е од Британија со Евротунелот.
Административна поделба Регионот е поделен на 5 департмани:
Ена Оаза Па де Кале Север Сома
Позначајни населени места Лил (227.560) Амјен (133.448) Рубе (94.713) Туркоан (91.923) Динкерк (90.995) Кале (72.589) Вилнев д’Аск (62.308) Сен Кантен (55.978) Бове (54.289) Валансјен (42.691)
Галерија
Поврзано Север-Па де Кале Пикардија
Наводи
Надворешни врски
Спојување на регионите - Франција 3
Категорија:Региони во Франција