Обозна — средновисока планина во источна Македонија, со највисок врв Јастребник (1.278 м).

Се протега во правец север–југ во должина 9,5 км. Се наоѓа помеѓу Кочанската Котлина на запад и Разловечката Клисура на исток, низ која тече реката Брегалница, одделувајќи ја од Бејаз Тепе (1.314 м). Од југ со Калуѓерска Река и превојот Обозна (933 м) е одвоена од Плачковица, а со превојот Мерилов Рид на север е одвоена од планината Голак.

Настанок Планината на станала со тектонски кон крајот на плиоценот и во почетокот на плеистоценот.

Геолошки состав По состав, Обозна е сочинета од гнајсеви, кристалести шкрилци и гранити.

Растителност На планината нема многу зеленило. Освен ниските растенија, наместа има шумски предели и мали пасишта.

Поврзано Голак Беровско-делчевска Котлина

Наводи

Категорија:Планини во Македонија Категорија:Општина Виница Категорија:Општина Делчево