Марширај или умри (англиски: March or Die) - британски филм од 1977 година, во режија на Дик Ричардс, кој е автор и на сценариото, заедно со Дејвид Гудман. Во главните улоги настапуваат: Џин Хекман, Теренс Хил, Катрин Денев, Макс фон Сидов и Ијан Холм. Музиката за филмот ја компонирал Морис Жар.
Содржина Фостер (го игра Хекман) е припадник на Легијата на странците кој е ангажиран да ги заштитува археолозите кои работат во Мароко на почетокот на XX век. Фостер бил учесник во Првата светска војна и сè уште го прогонуваат мрачните сеќавања од војната. Во блиското село, археолозите откриваат стара населба, но Арапите ја сметаат за свето место и племињата, предводени од Ел Крим (го игра Холм), заеднички ги напаѓаат легионарите.
Наводи
Категорија:Британски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1977 година Категорија:Филмови на Дик Ричардс Категорија:Филмови со Џин Хекман Категорија:Филмови со Катрин Денев Категорија:Филмови со Макс фон Сидов Категорија:Филмови со Теренс Хил Категорија:Воени филмови