Васов Град — палеовулканска купа во јужна Македонија, најзабележителната во Кожуфско-витачевската палеовулканска релјефна област. Се издига на западните падини на планината Кожуф југоисточно од с. Мрежичко. Висока е 500-600 м над околниот релјеф, а највисоката точка е на надморска височина од 1.401 м.

На купата се наоѓа истоименото археолошко наоѓалиште, кое претставува утврдена населба од доцноантичко време.

Геолошки состав Купата е составена главно од андезитска лава. Околу купата има напласти на туфови и пирокластичен материјал, што укажува на експлозивниот тип на избув. Околу Васов Град има неколку паразитски купи како: Острец (1.550 м), Цврстец (1.535 м) и други.

Поврзано Васов Град (археолошко наоѓалиште) — утврдена населба од доцноантичко време на ридот Турски Рид Кожуф Мрежичка Река Вулканизам во Македонија

Наводи

Категорија:Врвови во Македонија Категорија:Мрежичко Категорија:Кожуф Категорија:Вулкански купи Категорија:Вулканизам во Македонија