Оваа статија е за вулканската купа. За археолошкото наоѓалиште, видете Плоча (Брест)

Плоча — вулканска купа во клисурата на Маденска Река, десна притока на Крива Лакавица, на околу 12 километри западно од Радовиш. Купата е во склоп на Дамјанско-бучимската палеовулканска област, која зафаќа површина од . Се наоѓа на 1 километар јужно од Пилав Тепе и има облик на нек.

Во близина на овој рид се наоѓа истоименото археолошко наоѓалиште, каде е откриено градиште од средниот век.

Особености

Истакнатоста ѝ е околу 150-200 м, а надморската височина изнесува 658 метри По состав е иста како Пилав Тепе, односно од компактни андезитски лави. Речиси од сите страни околу Плоча се наоѓаат напласти од пирокластичен материјал во облик на бречи и туфови, посебно на југоисточната страна кон селото Дамјан. Двете купи се пресечени со долината — клисурата на Маденска Река, поради што нивната истакнатост и релативна височина во квартерниот период е зголемена. Поради селективната ерозија, на Плоча има речиси вертикални карпести отсеци, кои во поново време се користат за алпинизам. Врвот на Плоча е мошне зарамнет, поради што го добила името.

Поврзано Лакавичка Котлина Вулканизам во Македонија

Наводи

Категорија:Ридови во Македонија Категорија:Вулкански купи Категорија:Вулканизам во Македонија Категорија:Брест (Штипско) Категорија:Ново Село (штипско село)