Холцминден () — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Везер, која ја создава границата со соседната покраина Северна Рајна-Вестфалија.
Потекло на поимот
Холцминден е првпат споменат во век како „Холтесмени“ (Holtesmeni). Меѓутоа, името во тоа време не се однесувало на денешниот град, туку на селото Алтендорф („старото село“), кое било споено во градот во 1922 година.
Географија Местоположба
мини|300п|лево|Поглед од Фелдберг на градот мини|300п|десно|Стилизиран градски ѕид
Холцминден се наоѓа во горниот дел на Везерското Средногорје на северозападниот крај на масивот Золинг. Понасевер се наоѓа Фоглер и Ит. Од главниот град на Долна Саксонија, Хановер, води сојузен автопат во должина од околу 80 километри. Градот се наоѓа на источниот брег на Везер.
Во непосредна близина се наоѓаат местата од Северна Рајна-Вестфалија Лихтринген, Штале и Хекстер.
Соседни општини
Почнувајќи од север надесно, градот Холцминден се граничи со Беверн и слободните области Холцминден и Мерксхаузен (округ Холцминден), слободната област Золинг (округ Нортхајм), општината Дерентал и слободната област Бофцен (повторно округ Холцминден), како и на запад со округот Хекстер и окружниот град Хекстер.
Градски единици
Градот се состои од следниве единици:holzminden.de Bürger-Service Zahlen&Fakten
Холцминден Нојхаус во Золинг Фоленплакен (припаѓа на Нојхаус во Золинг) Зилберборн Торфхаус (припаѓа на Зилберборн) Миленберг
Историја
Во текот на владеењето на Лудвиг Побожниот (814–840), монасите од манастирот Корби во Франција дошле во овој дел од Германија и го основале Хетис во Золинг. Откако станало јасно дека местото е неодржливо (немање пристап до вода) било напуштено и се создал нов манастир (Опатија Корвај, близу реката. Старите документи покажуваат многу донации кон манастирот Холтесмени.
Населбата се верува дека настанала во - век. Другите села подоцна биле напуштени откако Холцминден добил општински права, што дало поголеми привилегии на жителите и привлекло нови жители од околината.
Во 1200 година, градот бил ставен под заштита на Еверштајн и од 1245 година добил општински права. Тие биле доделени од грофот на Еверштајн. Грбот на градот го покажува лавот на Еверштајн со отворена градска порта.
Од 1408 година, градот припаѓал на велфските принцови; а од век на линијата принцови Брауншвајг. Од век до 1942 година, Холцминден се наоѓал во Брауншвајг-Линебург.
Во 1640 година, во текот на Триесетгодишната војна, градот бил срушен од царските трупи, од што тешко се опоравил. До век, Холцминден останал мал град на фармери.
Во текот на Првата светска војна, градот бил место на големиот камп, во кој имало 10.000 Полјаци, Руси, Белгијци и Французи, вклучувајќи жени и деца; како и помал воен камп за британски офицери.
Стопанство
мини|300п|десно|Холцминден во зима мини|300п|десно|Улицата Фирстенбергер со поглед на Харманплац, именуван по градителот Фридрих Лудвиг Харман мини|300п|десно|Градската железничка станица
Занаетчиството и земјоделството долго време биле главниот приход на градот. Денес, градот е главно индустриски.
Кон крајот на век, доктор Вилхелм Харман започнал да се развива во индустријата за вкусови. Во 1874 година, Фердинанд Тиман, успеал да го синтетизира ванилинот од кониферил алкохол. Биле развиени и други производи. Современиот наследник на неговото претпријатие е фабриката Зимризе (Symrise).
Големото претпријатие Штибел Елтрон, кое произведува опрема за загревање и камини се наоѓа во градот.
Религија
Како дел од поранешната територија на Брауншвајг, Холцминден одржува протестантска традиција. Црквата „Св. Павле“ во Алтендорф потекнува пред 1200 година и е најстара од градските цркви.
Музеи
Градскиот музеј Музеј за играчки и кукли (приватен)
Образование
Висока школа за применети науки и уметност била основана во 1831/32 година од Фридрих Лудвиг Харман како прва школа за архитектура во Германија. Интернат Золинг е приватно училиште основано во 1909 година како дел од образовното движење под мотото „Ум, срце и рака“. Кампусот се наоѓа на ридскиот масив Золинг.Internat Solling Гимназија Две средни стручни училишта Специјално училиште
Меѓународни односи
Холцминден е збратимен со следниве градови: Левен, Шкотска, Велика Британија
Личности
Ервин Беме (1879-1917) — летечки ас Адолф Хојзингер (1897–1982) — германски генерал Улрих Бринкхоф (р. 1940) — фотограф и писател Роберт Бунзен (1811–1899) — хемичар Вилхелм Конрад Херман Милер (1812–1890) — филолог Вилхелм Рабе (1831–1910) — романописец Вилхелм Карл Пруски (1922–2007) — пруски принц Нилс Јанаш (1924–2001) — историчар Уве Шинеман (р. 1964) — политичар Кристијан Мајер (р. 1975) — политичар
Поврзано Хановер-Брауншвајг-Гетинген-Волфсбург
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Холцминден (округ)