Глобица — историско село во Осоговијата, во атарот на денешното село Бунеш, Општина Пробиштип. Денес, месноста е популарно одморалишно место и во него се наоѓа црквата „Св. Ѓорѓи“.
Географија
Селото било сместено во Осогово, на десниот брег на Злетовска Река, меѓу селата Ратавица од север и Трипатанци од југ. Денес, месноста е популарно одморалишно место.Агенција за иселеништво на Република Македонија
Историја
Селото е споменато како владение на блискиот Лесновски манастир во грамотата на цар Стефан Душан околу 1350 година, но отсуствува во грамотата на деспотот Константин Драгаш од 1381 година.Хр. Матанов, Княжеството на Драгаши, София, 1997, с. 220
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Глобица живееле 65 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 222. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бучиште имало 40 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.
Самоуправа и политика
Кон крајот на век, Глобица било село во Кратовската Каза на Отоманското Царство.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — манастирска црква.
Манастири Глобички манастир — нов манастир
Личности
Родени во или по потекло од Глобица Коце Лазаров - Коцо (1877/1880) — деец на ВМОРО, член на четата на Славчо Абазов„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 403.Доклад на международната комисия за разследване на причините и провеждането на Балканските войни (Карнегиева анкета), во: Другите Балкански войни, Фондация "Свободна и демократична България", София 1995, стр. 351
Галерија
Поврзано Осоговија Бунеш
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Историски села во Македонија † † † Категорија:Бунеш