Кара Оџали — историско село во Тиквешијата, чие земјиште денес е во атарот на Пепелиште, Општина Неготино.
Географија Селото било сместено во јужното подножје на Конечка Планина (Серта), на патот Неготино - Штип.
Историја Во XIX век Кара Оџали било турско село во Штипската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Кара Оџали имало 190 жители, сите Турци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 231.
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го наведува Кара Оџали како турско село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
Поврзано Слана Река
Наводи
Категорија:Историски села во Македонија † †