Константин Плевнеш (, ) — македонски режисер.ИНТЕРВЈУ Константин Плевнеш: Често менувам стилови, но секогаш се обидувам да останам природен

Животопис Плевнеш е роден на 4 мај 1982 во Скопје, во семејството на познатиот македонски драматург и дипломат Јордан Плевнеш. Од 1988 година, т.е. од својата 6-годишна возраст, живее во Париз, каде што го стекнал своето образование. Го завршил Европскиот колеџ „Пјер Алвизе“ и класичната гимназија „Роден“, каде што со одличен успех ја положил својата матура поврзана со аудиовизуелните и сценските уметности. Во 2000 година, тој запишал филмски студии на Универзитетот „Дени Дидро“ на Сорбона, и по двегодишните студии, остварил два специјалистички престои во Брисел и Токио. Во периодот 2007/2008, на Бостонскиот универзитет во Соединетите Држави, работел на повеќемедискиот, меѓународен проект „Малиот принц“. Во 2009 година, тој одржал меѓународна работилница на светски познатата академија „FAMU“ во Прага, Чешка, каде што биле прикажани неговите документарни филмови „Планета Баир“ и „Заборавените“, низ призмата на филмовите на Луис Буњуел, „Земја без леб“ и „Заборавените“. Во учебната 2010/2011, тој дипломирал филмска режија на ЕСРА Бретања, а во 2012 година, тој магистрирал на Универзитетот за аудиовизуелни уметностиво Скопје, со документарен филм посветен на уметничките тајни на естетиката на глумечката игра од антиката до денес, низ примерот на класата на професорот Владимир Милчин на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Филмографија Игран филм „Тајната книга“ - Асистент на режија Документарни филмови „Автобиографија на човекот гулаб“, прикажан на o FIPA – International Festival of Audiovisual Programs, Biarritz, France, - TV Festival Bar 2010, Bar, Montenegro; - SEE a Paris 2011 – South East European Film Festival, Paris, France „Имагинарно пријателство во градот на Кафка“ „Заборавените“ „Планета Баир“ „Театарската Одисеја на Питер Шуман – Bread and puppet New York“ „Тајната книга во Кан“ „Последниот човек, последната жена, во Каиро“ „Македонскиот воз на моето детство“ Кратки играни филмови „Уметност на исчезнувањето“ „Портрет на изгубениот човек“

Наводи

Категорија:Македонски режисери Категорија:Луѓе со потекло од Слоештица