мини|Грчки ѓакон во црквата на Рождеството Христово во Витлеем, со двоен орар преку стихарот. На главата носи камилавка

Орар () – најпрепознатлив и најважен дел од одеждата на ѓаконот без кој тој не може да учествува во ниту едно свештенодејство, најчесто е украсен со крстови и разни везови, и според својата форма претставува лента долга од 3 до 5 метри и широка од 15-20 см. Еден крај на орарот на ѓаконот му се спушта врз грбот, а другиот оди преку градите, а потоа под десната мишка, па преку грбот и левото рамо се спушта напред. Овој крај на орарот, ѓаконот го држи во десната рака и се крсти со него кога ги произнесува ектениите, или покажува на некои важни работи во текот на богослужениетоОрар на Православната википедија. Орарот се изработува од брокат, со декоративни завршетоци и бордури на двата краја.

Орарот е карактеристичен за ѓаконите и ипоѓаконите во православните цркви.

Ѓакони Ѓаконите носат единични орари кој е најстар облик на орар како што е илустрирано на традиционалната и постара иконографија. Орарот го носат преку левото рамо со предниот дел обвиткан над левата подлактница. Овој дел тој го зема со десната рака кога води ектенија или сака да привлече внимание на посебна литургиска акција.

Архиѓакони и протоѓакони Архиѓаконите и протоѓаконите имаат многу подолги и двоструки орари, кои се носат преку левото рамо, се завиткуваат околу градите и грбот, и повторно се враќаат преку левото рамо напред. Орарот на архиѓаконот, исто така може да биде извезен со зборот „свет“.

Ипоѓакони мини|десно|Двата ипоѓакони ги носат орарите превиткани во форма на крст Ипоѓаконите исто така носат орари, но секогаш поставени крстовидно.

Наводи

Надворешни врски Ѓаконска одежда

Категорија:Христијанство Категорија:Православие Категорија:Свештена одежда Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ