ВЛЕЗ ИЗЛЕЗ0 11 0
НЕ врата (инвертор) или НЕ коло, НЕ капија () – дигитална логичка врата чиј излез ја следи таблицата на вистинитост прикажана на десната страна. На излезот се јавува логичка единица „1“ само кога состојбата на влезот е логичка нула „0“, а на излезот се јавува логичка нула „0“ кога на влезот состојбата е логичка единица „1“.
Значи излезот ја „негира“ или инвертира состојбата на влезот и оттаму името НЕ врата или инвертор.
Математичко-логичко разгледување Може да се каже дека НЕ вратата извршува функција на логичка негација. Подетално разгледување може да се види на „Логичка негација “
Симболи Постојат 2 симбола за НЕ врата, обичен („воен“, „американски“) и правоаголен (ИЕЦ).
мини|лево|120п|Обичен НЕ симбол
Правоаголен НЕ симбол|мини|центар|100п
Основна компонента Инверторот се смета за основен блок во дигиталната електроника. Мемории, мултиплексери, декодери и други склопови функционално се засноваат на инверторот.
Хардверски опис и распоред на пиновите НЕ вратите постојат во ТТЛ и Технологија на комплементарни метал-оксидни полуспроводници изведби како интегрално коло.
Пример на шесткратна НE врата во дигитална ЦМОС технологија е дадена на сликата. мини|десно|200п|Сликата го прикажува распоредот на НЕ вратите во интегралното коло 4049 ЦМОС
ЦМОС НЕ кола: 4009, 4049: шесткратна НЕ врата ТТЛ НЕ кола: 7404: шесткратна НЕ врата ХЦМОС НЕ кола: 74ХЦ04: шесткратна НЕ врата
Замена Ако нема достапно НЕ коло, може да се земе едно од универзалните логички кола НИ или НИЛИ кола и влезовите кратко да им се спојат. Со тоа се добива инвертор со еден влез.
Поврзано И врата ИЛИ врата НИ врата НИЛИ врата ЕКСИЛИ врата ЕКСНИЛИ врата Логичко коло
Надворешни врски
Распоред на пинови за разни дигитални кола со логички врати
Категорија:Електроника Категорија:Дигитална електроника Категорија:Интегрални кола Категорија:Логички кола