Торвалд Асвалдсон () бил татко на колонизаторот на Гренланд, Ерик Црвениот, и дедо на Лејф Ериксон, кој ја посетил Северна Америка неколку века пред Кристофер Колумбо. Таткото на Торвалд бил Асвалд Улфсон, чиј татко бил Улф Оксен-Торисон, а негов татко бил Оксен-Торир, брат на Надод, откривачот на Исланд.

Торвалд Асвалдсон е роден во Норвешка. Тој бил протеран од Норвешка околу 960 година, за време на владеењето на кралот Хокон Добриот (син на Харалд Прекраснокосиот), поради извршени убиства. Се преселил со семејството во северозападниот дел од Исланд, каде умрел пред 980 година.

Наводи Thrapp, Dan L. Encyclopedia of Frontier Biography: In Three Volumes. University of Nebraska Press. 1991. p 456.

Категорија:Викинзи Категорија:Починати во непозната година Категорија:Родени во непозната година