Кралска папрат или Цветен папрат (науч. Osmunda regalis) — вид на листопаден папрат кој потекнува од Северна Америка, а се среќава во Европа, Азија и Африка. Името кралски го добила поради тоа што претставува една од најголемите и најимпресивните папрати во Европа. Расте во шумски мочуришта и речни брегови. Во Македонија е заштитен вид. Се користи во текстилната индустрија.
Во Македонија Во Македонија, Кралската папрат е заштитено растение и претставува споменик на приридата. Расте само во околината на селата Габрово и Банско, односно во Моноспитовското Блато.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 49-50, МАНУ, Скопје, 1985 Се наоѓа само на една мала површина од 500 м2. Во периодот 1986-1987 година започнало донесување на формално-правни акти за заштита - прогласување на кралската папрат за споменик на природата. Потоа веќе во јули 1987 година Општина Струмица ја прогласила папратта за споменик на природата.МОНОСПИТОВСКО блато : Последното мочуриште во Македонија/(автори Иванов Ѓорѓе ... и други;) уредници Меловски Љупчо ... и други. Босилово: Општина Босилово, 2008. - 56 стр.: ISBN 978-9989-57-584-6
Наводи
Надворешни врски
Flora Europaea: Osmunda regalis Флора на Северна Америка: Osmunda regalis var. spectabilis World Fern List: Osmunda Osmunda regalis var. spectabilis
Категорија:Папрати Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Северна Америка