мини|200п|Дијаграм на испитувањето.
Бринелова тврдост (Бринелова скала, тврдост по Бринел) — скала која ја изразува тврдоста на материјалите според нивната отпорност на вдлабнување. Ова е една од неколкуте дефиниции за тврдоста во науката за материјалите.
Овој начин на испитување на материјалите е предложен од шведскиот инженер Јохан Август Бринел во 1900 г. и претставува првото широко распространето и стандардизирано испитување на тврдоста во инженерството и металургијата. Величината на вдлабнувањето и можноо оштетување на пробното парче ја ограничува неговата корисност, но ја има таа предност што добиениот број се дели со два за да се добие крајната затезна цврстина (UTS) кај челиците.
Испитувањето типично се врши со челично топче со пречник од 10 мм како вдлабнувач со сила на натисок од 3.000 килопонди (29,42 килоњутни). Кај помеките материјали се применува помала сила; кај потврдите материјали, место од челик топчето е направено од волфрам карбид. Вдлабнувањето е израз на тврдоста по следнава пресметка:
при што: BHN = Бринелов број (кп/мм) P = применет товар во килопонди (кп) D = пречник на вдлабнувачот (мм) d = пречник на вдлабнатината (мм)
Бринеловата тврдост (BHN) понекогаш се изразува во мегапаскали со помножување на Бринеловиот број по забрзувањето поради гравитацијата (9,80665 м/с2). Тврдоста може да се претвори во крајна затезна цврстина (UTS), иако соодносот не е зависен од материјалот, па затоа се утврдува емпириски. Соодносот се заснова на Мејеровиот показател (n) по Мајеровиот закон. Ако показателот е помал од 2,2 тогаш соодносот на UTS со BHN изнесува 0,36. Ако е поголем од тоа, тогаш соодносот се зголемува.Tabor, p. 17.
BHN се користи во најраспространетите стандарди (ASTM E10-14ASTM E10 – 14 Standard Test Method for Brinell Hardness of Metallic Materials и ISO 6506–1:2005ISO 6506–1:2005 Metallic materials – Brinell hardness test – Part 1: Test method) како HBW, при што H е тврдост (hardness), B бринел (brinell), а W е материјалот на вдлабнувачот — вилфрам (wolfram) карбид . Претходните стандарди се повикувале на челично топче.
HBW во обата система се пресметува со SI-единици вака:
при што: F = применет товар (Њутни) D = пречник на вдлабнувачот (мм) d = пречник на вдлабнатината (мм)
Чести вредности При наведувањето на Бринеловата тврдост (BHN или почесто HB), морада се наведат и испитните услови за добивањето на бројот. Стандардниот формат за укажување на условите гласи „HBW 10/3000“. „HBW“ значи дека се користело топче од волфрам карбид, наспроти „HBS“, што значи топче од зајакнат челик. „10“ е пречникот на топчето во милиметри, а „3000“ е силата во килопонди.
Тврдоста може да се изрази и како XXX HB YYD2. Тука XXX е применетата сила (во килопонди) врз материјалот од видот YY (5 за алуминиумски легури, 10 за бакарни, 30 за челици). Така, типичната тврдина на челикот може да се претстави вака: 250 HB 30D2. It could be a maximum or a minimum.
+ Бринелов бројМатеријал Тврдостмеко дрво (на пр. бор) 1,6 HBS 10/100тврдо дрво 2,6–7,0 HBS 1,6 10/100олово 5,0 HB (чисто олово; alloyed lead typically can range from 5,0 HB to values in excess of 22,0 HB)чист алуминиум 15 HBбакар 35 HBзајакнат AW-6060 алуминиум 75 HBјаглероден челик 120 HB18–8 (304) не’рѓосувачки челик annealed 200 HB.неабечки челик 400-700 HBстакло 1550 HBзајакнат алатен челик 600–900 HB (HBW 10/3000)рениум диборид 4600 HB Напомена: Стандардни испитни услови освен ако не е поинаку наведено
Стандарди Македонски стандард МКС 6506-1:2009: Метални материјали - Испитување на тврдост по Бринел - Дел 1: Метод на испитување (истоветно на EN ISO 6506-1:2014) МКС 6506-2:2009: Метални материјали - Испитување на тврдост по Бринел - Дел 2: Метод на испитување (истоветно на EN ISO 6506-2:2014) МКС 6506-3:2009: Метални материјали - Испитување на тврдост по Бринел - Дел 3: Верификација и калибрација на машините за испитување (истоветно на EN ISO 6506-3:2014) МКС 6506-4:2009: Метални материјали - Испитување на тврдост по Бринел - Дел 4: Калибрација на референтните блокови (истоветно на EN ISO 6506-4:2014)
Поврзано Мосова скала Кнупова тврдост Роквелова скала Викерсова тврда
Белешки
Литература .
Надворешни врски Видеоснимка од испитување по Бринел Дијаграм за претворање од Роквел во Бринел
Категорија:Скали на тврдост Категорија:Бездимензионални броеви Категорија:Скали