Џејмс Бонд (4 јануари 1900 – 14 февруари 1989) бил еден од водечките американски орнитолози, експерт за птиците од Карибите. Неговото име било присвоено од страна на писателот Јан Флеминг за неговиот измислен британски шпион со истото име.

Животопис Бонд е роден на 4 јануари 1900 година во Филаделфија, Пенсилванија, како син на Маргарет Ривс (Тајсон) и Френсис Едвард Бонд. Неговиот интерес за историја на природата бил поттикнат од експедицијата што неговиот татко ја презел во 1911 година до делтата во Ориноко. Бонд прво се школувал во училиштето „Свети Павле“ во Конкорд, Њу Хемпшир, но по смртта на неговата мајка, тој се преселил со неговиот татко во Англија, во 1914 година. Таму тој учел во училиштето „Хароу“ и подоцна во Тринити колеџот во Кембриџ, кој го завршил во 1922 година, и каде бил единствениот Американец член на „Пит Клубот“. По дипломирањето тој се преселил назад во САД и три години работел во банкарска фирма во Филаделфија. Поради интересот за природната историја се откажал од работата, и прифатил место во експедиција на Амазон која била организирана од страна на Академијата за природни науки од универзитетот Дрексел. Потоа, тој работел како орнитолог во Академијата за природни науки во тој град, каде станал куратор на орнитологија. Тој бил експерт за карипските птици и напишал книга на тема: „Птиците од Западна Индија“, првпат објавена во 1936 година.

Бонд ја добил наградата „Масгрејв“ на Институтот Јамајка во 1952 година;The Institute of Jamaica's web site медаљата „Брустер“ во 1954 година; и наградата „Лиди“ во 1975 година. Починал во болница во Филаделфија на возраст од 89 години.

Наводи

Користена литература

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1900 година Категорија:Починати во 1989 година