Ветроказ со петел — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2017 година.

Опис Лице На лицето, во средината на кованата пара се претставени Грбот на Република Македонија и натписот „2017“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

Опачина На опачината, во средината на кованата пара е претставена слика на петел во боја, во облик на ветроказ, со сонце во заднината. Под петелот е прикажана годината на петелот – „2017“. По должината на периметарот се наоѓа натпис „Среќна Година на петелот“ на англиски јазик.

Поврзано Петел

Наводи

Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ