Римски календар — календарот кој го користеле римското кралство и република. Календарот е вклучен во јулијанскиот календар воспоставен со реформите на диктаторот Јулиј Цезар и царот Октавијан Август кон крајот на 1-отвек п.н.е. и како дел од секој систем датиран според броењето на месеците' календи, нони, и иди според римските начини на броење. Вообичаено е карактеристичен за Коптскиот календар во Египет, кој продолжил да ги користи месеците од стариот календар, Византискиот календар на подоцнежното Источно Римско Царство, кој вообичаено ги датирал римските месеци со поедноставното броење на Старогрчкиот календар, и грегоријанскиот календар, кој го унапредил јулијанскиот систем за да се приближи што поблиску до сончевата година и е основата за моменталниот меѓународен стандард.

Римските дати се бројат нанапред до следните три главни денови: првиот во месецот (календи), ден пред средината на месецот (иди), и осум дена—девет, броејќи пред ова (нони). Првичниот календар се состоел од 10 месеци и започнувал на пролет со месецот март, зимата пак немала определен број на денови. Овие месеци траат 38, 8 дневни недели, (т.е., „девет“) дневни недели завршувале со верски обрреди на јавните пазаришта. Зимата е период кој се искористил за создавање на јануари и февруари. Според митовите првите кралеви Ромул и Нума се сметаат за воспоставувањето на првиот непоместлив календар, кои има потекло од месечевите набљудувања. Особено, календите, ноните и идите потекнуваат од забележувањето на првата четвртина, полумесечината и полната месечина. Календарот бил малку покус сончевата година, и имал потреба од постојано прескокнување за да се одржуваат верски фестивали и други активности во нивните соодветни годишни времиња. Од празноверни приочини, ваквите прескокнувања се случувале во текот на месецот февруари, иако тој не се сметал за последен месец во годината.

По воспоставувањето на Римската Република, годините започнале да се датираат според конзулствата и контролата над прескокнувањето била доделена на врвниот свештеник, кои ја злоупотребувале својата моќ за продолжување на годините кога на власт биле нивните политички сојузници и ги скусувале кога на власт биле нивните противници. Победувајќи во неговата војна со Помпеј, Цезар ја искористилм својата моќ како римски врвен свештеник да ја воведе календарската реформа во 46, со што третата година на неговото конзулство траела 446 дена. За да се одбегне мешањето во римските верски обреди, со реформата овие дополнителнин денови биле додадени кон краевите на месеците и не се поклопувал со ноните или пак идите, дури и во месеците кои имале 31 ден. јулијанскиот календар требал да има еден прескочен ден на 24 февруари секоја четврта година но по Цезаровото убиство, свештениците погрешно го јкористеле прескочниот ден на секои три години. За да го врати во ред календарот, Октавијан Август морал да спречи додавање на прескочни денови во следните декади. Овој преиначен календар бил малку подолг од сончевата година, датумот на Велигден се поместувал многу од мартската рамнодневница па Папата Григориј XIII ја наредил реформата на календарот во век.

Историја

Праисториски месечев клаендар

Првичниот римски календар се верува дека бил набљудувачки месечев календар чии месеци започнувале од првите знаци на новата четврт месечина. Бидејќи месечевиот циклус е околу денови, месеците би имале помеѓу 29 и 30 дена. Дванесетте вакви месеци ќе имале 10 или пак 11 денови помалку од сончевата година, без прилагодување, овие години набрзо ќе немале поклопување со годишните времиња на начинот на кој тоа го сретнуваме кај исламскиот календар. Земајќи ги предвид временските важности на подоцнежните календари и нивната поврзаност со верските обичаи, по што ова е избегнато со прескочните денови или преку неважност на календарот за време на зимата.

Римската 8 дневна недела, ноните, била споделена со Етрурците, кои го користеле за да ги организираат кралските приеми. Се верува дека станува збор за одлика на првичниот календар и бил создаден според римската митологија за Ромул и Сервиј Тулиј.

Легендарниот 10-месечен календар

Самите Римјани ја опишувале годината со 10 непоместливи месеци, секој со 30 или 31 ден. Ваквата декадна поделба соодвествувала со римските практики. Четирите месеци со 31 ден биле наречени „полни“ () а останатите „шупливи“ ().. 304-те денови се состоеле од точно 38 нунди. Системот вообичаено остантите 50 денови од годината ги сметал за неорганизирана „зима“, иако во Ликиниј Макровата изгубена историја се вели дека првичните римски календари користеле прескочност и Макробиј тврди дека 10 месечниот календар дозволувал промени сè додека летото и зимата не си ги заменувале местата, со што се додавале дополнителни денови сè додека не се вратиле годишните времиња на своите соодветни временски периоди.

Подоцнежните римски писатели го придавеле создавањето на календарот на Ромул, нивниот митолошки прв крал и културен херој, но ова било карактеристично за сите обичаи и практики за чие потекло не се знаело. Некои истражувачи се сомневаат во постоењето на овој календар, бидејќи се спомнува во подоцнежните републички и царски извори и поддржано со помешаните имиња од септември до декември.. Рипке исто така согледува дека постои случајност за должината на претпоставената „Ромулска“ година со должините на првите десет месеци на јулијанскиот календар.

+ „Ромулски календар“ Македонски Латински Значење Должинаво денови Март Martius Месец на Марс 31 Април Aprilis Месец на Апру (Афродита) 30 Мај Maius Месец на Маја 31 Јуни Iunius Месец на Јунона 30 Квинтилиј Quintilis Петти месец 31 Секстилиј Sextilis Шести месец 30 Септември September Седми месец 30 Октомври October Осми месец 31 Ноември November Деветти месец 30 Декември December Десетти месец 30 (51)

Сепак постоеле и други обичаи покрај овие. Плутарховата Напоредни животописи спомнува дека Ромуловиот календар бил сончев календар но се раководел според начелото дека годината ретреба да трае 360 дена. Месеците во календарот биле неорганизирани, некои имале 20 деновиа други 35 или повеќе.

Републички календар

Воспоставениот календар на Римската Република бил сосема поинаков. Ги користел старогрчките календари користејќи го месечевите мени со времетраење од денови и тропската година од синодички месеци ( денови), кои се надоплонуваат секоја четврта година со додавање на два дополнителни месеци. Дополнителните месеци во годината биле јануари и февруари, дополнителниот месец понекогаш бил познат и како меркедониј.

Римјаните не ја следеле вообичаената старогрчка практика со замена на 29- и 30-дневни месеци и престапен 29- или 30-дневен месец секоја втора година. Следствено, нивните 3-ти, 5-ти, 7-ми и 10-ти месеци имале по 31 ден, останатите месеци имале по 29 денови со исклучок на февруари кој имал 28 денови три години по ред и 29 денови на секоја четврта година. Вкупно овие месеци во текот на четири години се разликувале од старогрчкиот календар за 5 денови, што значи дека престапниот месец кај римјаните имал 27 денови. Слично, во секој од месеците, неделите не се менувале како во старогрчкиот календар меѓу седум и осум денови, наместо тоа, полните месеци имале дополнителни два дена во првата недела од секој месец, додека пак останатите три недели од секој месец имале по осум дена („девет“ според римското броење).. Сепак понеобично е што претапниот месец не се сместувал накрајот на годината, туку во месецот февруари по терминалија односно 23-ти истиот месец (); останатите денови од февруари следеле по завршувањето на овој месец. Ова се верува дека произлегува од римските суеверија за означувањето со броеви и редоследот на месеците. Подреденоста на римскиот календар произлегува најверојатно од питагорејските суеверија поврзани со среќноста на непарните броеви.

Овие Питагорејски измени на римскиот календар се препишуваат на Нума Помпилиј, надледникот на Ромул и вториот од седумтте римски кралеви, како и додавањето на двата нови месеци во календарот. Повеќето извори укажуваат дека тоју го воспоставил и претапниот месец во календарот. Според Тит Ливиј, Нума го воспоставил месечевиот календар, односно пишува дека кралот воспоставил 19-годишен систем со претапност еднаков на Метоновиот циклус векови пред истиот да биде воспоставен од вавилонските и старогрчките астрономи. Плутарховите записи тврдат дека мтој ставил крај на хаосот со претходниот календар создавајќи мкалендар со 12 мееци и вкупно 354 денови, односно месечева и старогрчка година—и двогодишен дополнителен месец од 22 дена.

Плутарх верувал дека Нума е одговорен ѐа сместувањето на јануари и февруари на почетокот на ккалендарот, Овид пак пишува дека јануари е првиот месец, додека пак февруари е последниот, но дека го има сегашниот редослед поради декември. Вилијам Фаулер смета дека римските свештеници продолжиле да ги сметаат јануари и февруари како последни месеци на календарот за времетраењето на републиката.

+ Предјулијански римски календар Македонски Латински Значење Должинаво денови.. Јануари Mensis Ianuarius Месец на Јанус 29 Февруари Mensis Februarius Месец на Луперкалија 28 Меркедонијпрестапен месец MercedoniusMensis Intercalaris Месец на платите 23 Март Mensis Martius Месец на Марс 31 Април Mensis Aprilis Непознато 29 Мај Mensis Maius Непознато 31 Јуни Mensis Iunius Месец на Јунона 29 Квинтилиј Mensis QuintilisMensis Quinctilis Петти месец 31 Секстилиј Mensis Sextilis Шести месец 29 Септември Mensis September Седми месец 29 Октомври Mensis October Осми месец 31 Ноември Mensis November Деветти месец 29 Декември Mensis December Десетти месец 29

Бројот на години на конзулство не биле секогаш современа календарска година, но обичните конјхзули биле избирани или назначувани секоја година. Традиционалниот список на римски конзули користен од страна на Римјаните за да ги бројат годините, започнува со употреба од 509..

Флавијанова реформа

Гнај Флавиј, секретарот на врховниот свештеник, вовел низа на реформи во 304. Нивната точна природа е непозната, но се претпоставува дека станало обичај календарот да се објавува однапред еден месец пред настапувањето на тој месец, намалувајќи ја моќта на свештениците, но овозможува попостојан календар за трговија.

Јулијанска реформа

Гај Јулиј Цезар, по неговата победа во граѓанската војна и во неговата улога како врховен свештеник, ја наредил реформата на календарот во 46. Во оваа реформа биле вклучени многу мудреци од антиката, меѓу кои бил и александриецот Сосиген и римјанинот М. Флавиј. Претежно се задржале на додавањето на десет дополнителни денови низ календарот и воведување на еден прескочен ден на секоја четвртта година за да го подреди календарот со сончевата година. Согласно 46година е последната година од стариот систем кој имал три прескочни месеци, првиот вметнат во февруари, а останатите два— и —пред календите на декември.

Подоцнежни реформи

По Цезаровиот атентат, Марк Антониј во негова чест го преименувал месецот квинтилиј во јули (). По Антониевиот пораз кај Акциум, Октавијан Август јапрезел контролата над Рим ги затекнал свештениците (го задржале старото броење) како прават секоја трета година да биде престапна, наместо секоја четвртта, го оневозможил додавањето на прескочни денови на календарот за определен број на декади сè додека не се воспоставила правила расапределба на годишните времиња. Во 8 година, референдумот Lex Pacuvia de Mense Augusto придонел секстилиј во негова чест да го добие името август ().