мини|Петар Ширилов Црноборје — роман на македонскиот писател Петар Ширилов објавен во 1972 година.

За романот Црноборјани во истоимениот роман и „Крајезерската земја“ се синоними за егејскиот дел на Македонија и тие израснуваат во симболи на националното страдање. На овој географски означен простор се прават севозможни застрашувања за да се алиенира човекот, за да се згази сето она што го сочинува човековото достоинство. Црноборјани се повикани да одат на италијанско-грчкиот фронт во Албанија, да крварат во рововите кај Москополе и Томори и да ја бранат круната за која омразата им влегла во крвта. Но овие луѓе живеат со почит кон смртта, зашто таа како да станала составен дел од нивното секојдневие.

Категорија:Македонски романи Категорија:Дела на Петар Ширилов Категорија:Книги од 1972 година Категорија:Македонски дела од 1972 година Категорија:Појавено во 1972 година во Македонија