Абу Нувас ал-Хасан ибн Хани ал-Хаками (756–814),е познат како Абу НувасGarzanti (; , Abū Novās), бил класичен арапски поет. Роден во градот Ахваз во денешен Иран, син на арапски татко и персиска мајка, тој станал господар на сите современи жанрови на арапската поезија. Абу Нувас исто така влезе во фолклорната традиција и тој се појавува неколкупати во книгата Илјада и една ноќ.Esat Ayyıldız. "Ebû Nuvâs’ın Şarap (Hamriyyât) Şiirleri". Bozok Üniversitesi İlahiyat Fakültesi Dergisi 18 / 18 (2020): 147-173.
Почетокот на животот и неговите дела Таткото на Абу Нувас, Хани, кој поетот никогаш не го запознал, беше Арап, потомок на племето Џизани - дел од племето Бану Хакам и бил војник во армијата на Марван II. Неговата персиска мајка наречена Голбан работела како кројач. Биографиите се разликуваат во однос на денот на раѓањето на Абу Нувас, кој се движи од 747 да 762 година. Некои велат дека тој е роден во Басра, а други во Дамаск, Бусра или во Ахваз. Неговото дадено име беше ал-Хасан ибн Хани ал-Хаками, а 'Абу Нувас' бил неговиот прекар. "Татко на влакното коса" се однесуваше на неговата коса која висеше и на двете страни до неговите раменици.
Исмаил бин Нубакт твдри: "јас никогаш не сум видел друг човек со толкаво долгогодишно учење како Абу Нувас, ниту пак некој кој со меморија толку богато украсена поседувал толку малку книги. По неговата смрт, ние ја претресовме неговата куќа и само можевме да најдеме една корица од книга во која на само неколку страни хартија имаше колекција од ретки изрази и граматички забелешки."
Прогон и затвор Абу Нувас беше принуден да побегне во Египет одредено време откако тој напиша елегична песна фалејќи го елитното персиско политичко семејството на Бармаките, моќно семејство кое било соборено и масакрирно од калифот Харун ал-Рашид. Тој се врати во Багдад во 809 година по смртта на Харун ал-Рашид. Подоцнежното вознесение на Мухамед ал-Амин, дваесет и две-годишниот развратнички син на Харун ал-Рашид (и поранешнен студент на Абу Нувас) беше силен удар на среќата на Абу Нувас. Всушност, повеќето научници веруваат дека Абу Нувас ги напишал повеќето од неговите песни за време на владеењето на ал-Амин (809-813). Неговата најпозната кралска комисија беше песна ("касида") која ја составил во пофалба на ал-Амин.
"Според критичарите на неговото време, тој беше најголемиот поет во Исламот." напиша Ф.Ф. Арбутнот во Арапски автори. Неговиот современик Абу Хатим ал Меки често велел дека најдлабоките значења на мислите биле сокриени под земјата сè додека Абу Нувас не ги ископа.
Сепак, Абу Нувас беше затворен кога неговите пијани, развратнички експлоатации го тестирале дури и трпението на ал-Амин. Амин конечно беше симнат од власт од страна на неговиот пуритански брат, Ал-Мамун кој воопшто немал толеранција за Абу Нувас.
Некои подоцна тврдат дека стравот од затворот го натерал Абу Нувас да се покае за неговото поранешно однесување и да стане длабоко религиозен, додека други веруваат дека неговите подоцнежни, покајнички песни едноставно биле напишани со надеж да добие помилување од калифот. Се тврди дека секретарот на ал-Мамун, Зонбар, го измами Абу Нувас да напише во писмена форма сатира против Али, четвртиот калиф и зет на Пророкот, додека Нувас беше пијан. Зонбар потоа намерно ја прочита песната на глас во јавност и обезбеди продолжување на казната затвор на Абу Нувас. Во зависност од биографијата, Абу Нувас или умрел во затвор или бил отруен од страна на Исмаил бин Абу Сел, или и двете.
Наследство Абу Нувас се смета за еден од великаните на класичната арапска литература. Тој влијаел врз многу подоцнежни писатели, вклучувајќи ги Омар Кајам и Хафез — и двата персиски поети. Една хедонистичка карикатура на Абу Нувас се појавува во неколку од приказните на Илјада и една ноќ . Меѓу неговите најпознати песни се оние кои ја исмејуваат "Стара Арабија" - носталгијата на Бедуините за животот и кои ентузијастички го фалат тогашниот живот во Багдад во живописен контраст. Тој е еден од разните луѓе кредитирани со измислувањето на литературната форма на мумата (буквално 'заслепено' или 'прикриено'), вид загатка која се решава 'со комбинирање на поединечни букви од зборот или името кои можат да се најдат';G. J. H. van Gelder, 'mu‘ammā', in Encyclopedia of Arabic Literature, ed. by Julie Scott Meisami and Paul Starkey, 2 vols (London: Routledge, 1998), II 534. тој дефинитивно беше еден од главните експоненти на формата.M. Bencheneb, 'Lughz', in The Encyclopaedia of Islam, new edn, ed. by H. A. R. Gibb and others (Leiden: Brill, 1954-2009), s.v.
Неговата слобода на изразување, особено во однос на прашања забранети со исламски норми, продолжува да го возбудува анимусот на цензорите. Додека неговите дела биле слободно во промет до раните години на дваесеттиот век, во 1932 година првите модерни цензурирани изданија на неговите дела се појавиле во Каиро. Во јануари 2001 година, Египетското министерство за култура нареди да се изгорат околу 6,000 копии од книгите со хомоеротична поезија од Абу Нувас.Al-Hayat, January 13, 2001Middle East Report, 219 Summer 2001 Споменувањето на истото беше изоставено при неговото влегување во саудиската Глобална арапска енциклопедија.
Во 1976 година, кратер на планетата Меркур беше именуван во чест на Абу Нувас.Abu Nuwas (crater)
Доста фикционализиран Абу Нувас е протагонист на романите Таткото на бравите (Дедалус Книги, 2009) и Огледалото на калифот (2012) од страна на Андреј Килин, во кои тој е прикажан како шпион кој работи за Џафар ал-Бармаки.
Багдад Ал-Катиб ал-Багдади, авторот на Историјата на Багдад, напиша дека Абу Нувас беше погребан во гробиштата Шунизи во Багдад.
Во градот има неколку места именувани според поетот. Улицата Абу Нувас се наоѓа долж источниот брег на Тигар каде еднаш се наоѓал главниот дел на градот. Паркот Абу Нувас исто така се наоѓа таму на 2.5-километари помеѓу мостот Џумхурија и парк кој се протега од реката во Карада во близина на мостот 14 јули.
Свахилска култура Во источноафрикнската свахилска култура името "Абу Нувас" е доста популарно како Абунуваси. Тоа е поврзано со голем број на приказни кои инаку одат под имињата како Насредин, Гуха или "Мулата" во фолклорните приказни и во литературата на исламските општества. Во приказните Абунуваси ги измамува алчните, богати мажи и им помага на сиромашните луѓе.
Танзанскиот уметник Годфри Муампембва (Гадо) создал свахилски стрип наречен Абунуваси, кој содржи адаптации на три од приказните на Абунуваси.Pilcher, Tim and Brad Brooks. (Foreword: Dave Gibbons). The Essential Guide to World Comics. Collins and Brown. 2005. 297. Книгата беше објавена од страна на Саса Сема Публикации во 1996 година.
Изданија и преводи Dīwān Abū Nu’ās, khamriyyāt Abū Nu’ās, ed. by ‘Alī Najīb ‘Aṭwi (Beirut 1986) O Tribe That Loves Boys. Hakim Bey (Entimos Press / Abu Nuwas Society, 1993). With a scholarly biographical essay on Abu Nuwas, largely taken from Ewald Wagner's biographical entry in The Encyclopedia of Islam. Carousing with Gazelles, Homoerotic Songs of Old Baghdad. Seventeen poems by Abu Nuwas translated by Jaafar Abu Tarab. (iUniverse, Inc., 2005). Jim Colville. Poems of Wine and Revelry: The Khamriyyat of Abu Nuwas. (Kegan Paul, 2005). The Khamriyyāt of Abū Nuwās: Medieval Bacchic Poetry, trans. by Fuad Matthew Caswell (Kibworth Beauchamp: Matador, 2015). Trans. from ‘Aṭwi 1986. Esat Ayyıldız. "Ebû Nuvâs’ın Şarap (Hamriyyât) Şiirleri". Bozok Üniversitesi İlahiyat Fakültesi Dergisi 18 / 18 (2020): 147-173.
Дополнително читање
Esat Ayyıldız. "Ebû Nuvâs’ın Şarap (Hamriyyât) Şiirleri". Bozok Üniversitesi İlahiyat Fakültesi Dergisi 18 / 18 (2020): 147-173.
Белешки
Надворешни врски
The Knitting Circle – Abu Nuwas Al-Funu.Org: Abu Nuwas Abu Nawas, the Persian Arab By Tamim al-Barghouti, Tuesday, June 15, 2004 Horse, Hawk, and Cheetah: Three Arabic Hunting Poems of Abū Nuwās Cordite Poetry Review
Наводи
Категорија:Родени во 756 година Категорија:Починати во 814 година Категорија:Арапска поезија Категорија:Средновековни поети