Дукат — средновисока планина во југоисточна Србија и крајниот североисточен дел на Македонија. Планината има голо и заоблено било со просечна надморска височина од 1.400 м. Највисок врв е Црноок со надморска височина од 1.881 м, додека во Македонија највисок е врвот Аниште (1.786 м). Според геоморфолошкиот состав, планината се состои од кристални шисти и гранит. Во бугарската географија се среќава како дел од Краиштидите, додека во српската географија се сврстува во Родопската Зона.
На врвот Бела Вода на Дукат се наоѓа изворот на реката Пчиња.
Поврзано Родопска Зона
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Планини во Србија Категорија:Планини во Македонија Категорија:Јужна Србија