КАФ Лигата на шампионите е годишно континентално клупско фудбалско натпреварување управувано од страна на Африканската фудбалска конфедерација (КАФ). Најдобрите клубови од најдобрите фудбалските лиги во Африка се поканети да учествуваат на ова натпреварување, кој е најважното клупско фудбалско натпреварување на континентот и е еквивалент на УЕФА Лигата на шампионите. Поради спонзорскиот договор со француската компанија Тотал, официјалното име на натпреварувањето е Тотал КАФ Лига на шампиони, или исто така во употреба е и Тотал Лига на шампиони.
Победникот на турнирот стекнува право да учествува на Светското клупско првенство, турнир на кој се натпреваруваат сите клубови шампиони од сите шест континентални конфедерации, а исто така се соочува и со победникот на КАФ Купот на конфедерации во Суперкупот на КАФ следната сезона.
Египетскиот Ал Ахли е најуспешниот клуб во историјата на натпреварувањето, освојувајќи го турнирот осум пати. Египетските клубови имаат акумулирано најголем број победи, освојувајќи ја титулата 14 пати. Моментален шампион е мароканската Видад Казабланка, кои ја забележаа својата втора титула во историјата на натпреварувањето, совладувајќи го Ал Ахли во финалето 2017.
Историја Првите години На почетокот, натпреварувањето ги опфаќало сите шампиони на националните лиги на африканските земји кои биле членови на КАФ. Натпреварувањето траело 12 месеци и се играло по купски систем, по кој во секое коло се играле по два натпревари (дома-гости) сè до четвртфиналето, каде екипите играле по еден натпревар на неутрален терен и победникот се пласирал понатаму.
Првиот 'Африкански Куп на шампиони' одигран е во 1964 година, а првата екипа која го освоила трофејот бил камерунскиот Орикс Дуала, кој го победил Стад Малијан од Мали со 2-1 во финалниот натпревар.
Во 1965 година турнир не бил одржан, но организаторите не се откажале од него и повторно е организиран во 1966 година. Сега сите фази на натпреварување се играле по двоен систем ‘домаќин и гостин’, а во финалето играле Реал Бамако од Мали и Стад Абиџан од Брегот на Слоновата Коска. Реал Бамако ја искористил предноста на домашниот терен во првиот натпревар и победил со 3-1, но во реваншот во гости во Абиџан изгубил со 4-1 и останал без титулата која му припаднала на Стад Абиџан.
Во финалето 1967 година се сретнале Асанте Котоко од Гана и TП Мазембе од ДР Конго. Двата натпревари биле завршени со нерешен резултат (1-1 и 2-2). Бидејќи тогаш не важело правилото гол во гости, КАФ предложил да се одигра и трет натпревар, но екипата од Гана го одбила тој предлог поради што титула му припднала на Мазембе, кои и во следната сезона повторно бил шампион.
Во 1970 година во финалето повторно се сретнале Асанте Котоко и Мазембе. Првиот натпревар бил одигран во Гана и завршил со резултат 1-1, но во реваншот на гостински терен Асанте славеле со 2-1 и така ја освоиле титулата која ја испуштиле пред три години.
Во текот на седумдесеттите години доаѓа успон на камерунските фудбалски клубови, кои поставиле основа за успесите на камерунската репрезентација. Од 1971 до 1980 година камерунските екипи освоиле 4 титули Африкански првак: Канон Јаунде трипати (1971, 1978 и 1980) и УС Дуала еднаш 1979. Покрај успесите на екипите од Камерун, во тој период и Хафија Конакри од Гвинеја имала свои златни години, освојувајќи ја титулата шампион трипати (1972, 1975 и 1977).
Египетска доминација Иако само две екипи од Северна Африка ја освоиле титулата пред 1981 година - Исмаили од Египет во 1969 и МК Алжир од Алжир во 1976 – од тогаш, екипите од оваа регија го преземаат приматот и започнува нивната доминација во натпреварувањето, освојувајќи 22 титули од последните 28 турнири.
Посебно биле доминантни двата египатски фудбалски гиганти од Каиро, Ал Ахли и Замалек. Ал Ахли победил рекордни осум пати: 1982, 1987, 2001, 2005, 2006, 2008, 2012 и 2013; а Замалек има пет титули: 1984, 1986, 1993, 1996 и 2002.
Друга екипа од Северна Африка која исто така имала доста успеси во натпреварувањето е Раџа Казабланка од Мароко, која победила трипати: 1989, 1997 и 1999.
Развој на КАФ Лигата на шампионите Покрај воведување на правилото гол во гости многу малку се менувало во системот на натпреварувањето до 1997 година. Таа година, КАФ започнал да спроведува реформи во натпреварувањето, како што УЕФА го направила истото пет години порано, создадена е групна фаза во почетокот на турнирот и натпреварувањето го менува името во КAФ Лига на шампиони. КАФ исто така претставил и парични награди за учесниците.
Победник је добивал 1.000.000 американски долари а поразениот во финалето 750,000, новата Лига на шампиони станала второ најбогато фудбалско клупско натпреварување во Африка после Јужноафриканската Премиер лига која го наградува победникот со 2.000.000 американски долари.
По новиот формат, Лигата на шампионите се состои од серија прелиминарни рунди сè до фазата последните 16. Во оваа фаза екипите се поделени во 4 групи со по 4 клуба каде играат по двоен систем дома гости од кои првопласираните две екипи од секоја група поминуваат во четвртфиналето. Од четвртфиналето па до самиот крај на натпреварувањето (вклучувајќи го и финалето) се игра по куп систем во два натпревари дома-гости.
Во 2010 година, TП Мазембе од ДР Конго станал првата екипа која по вторпат успеала да ја освои титулата две години по редом. Првпат тоа го сториле во 1967 и 1968, а го повториле во 2009 и 2010.
Во КAФ Лигата на шампионите учествуваат победниците од сите национални лиги кои се членови на КАФ, како и шампионот од претходната година. Од 2004. година право да учествуваат имаат и второпласираните екипи од 12-те најдобро рангирани фудбалски лиги во Африка. После оваа реформа доаѓа до спојување на КАФ Купот (натпреварување во кое учествувале второпласираните екипи од африканските национални првенства) и КАФ Купот на победниците на куповите и создаден е КАФ Купот на конфедерации.
Спонзори Период Спонзор Име на турнирот 2004-2008 МТН МТН КАФ Лига на шампиони 2009-2016 Оринџ Оринџ CAF Champions League 2016-2023 Тотал Тотал КАФ Лига на шампиони
Парични награди КонеченпласманПарична наградаШампион US$2.5 милиониВицешампион US$1.25 милиониПолуфиналист US$0.8 милиониЧетвртфиналист US$0.65 милиониТрет во групната фаза US$0.55 милиониЧетврт во групната фаза US$0.55 милиони
Финалиња Африкански Куп на шампиони (1964—1997) ГодинаДомаќинРезултатГостинСтадионГледачи1964Детали Орикс Дуала2 - 1 Стад МалијанСтадион Акра, Акра1966Детали Реал Бамако3 - 1 Стад Абиџан Мунисипал, Бамако Стад Абиџан4 - 1 Реал Бамако Феликс Уфује-Буањи, Абиџан победил со вкупен резултат 5 - 41967Детали Асанте Котоко1 - 1 TП Мазембе Стадион Кумаси, Кумаси TП Мазембе 2 - 2 Асанте КотокоСтадион 20 мај, Киншаса TП Мазембен/o Асанте КотокоСтадион Омниспорт Јаунде, Јаунде ја освоил титулата затоа што Асанте Котоко не се согласиле да играат трет натпревар1968Детали TП Мазембе5 - 0 Етуал Филант Стадион 20 мај, Киншаса Етуал Филант4 - 1 TП МазембеСтадион Генерал Ејадема, Ломе победил со вкупен резултат 6 - 41969Детали TП Мазембе2 - 2 Исмаили Стадион 20 мај, Киншаса Исмаили 3 - 1 TП МазембеИнтернационален стадион во Каиро, Каиро победил со вкупен резултат 5 - 31970Детали Асанте Котоко 1 - 1 TП Енгелберт Стадион Кумаси, Кумаси TП Енгелберт1 - 2 Асанте Котоко Стадион 20 мај, Киншаса победил со вкупен резултат 3 - 21971Детали Асанте Котоко2 - 0 Канон Јаунде Стадион Кумаси, Кумаси Канон Јаунде 2 - 0 Асанте КотокоВоен стадион Гаруа, Јаунде Канон Јаунде 1 - 0 Асанте КотокоВоен стадион Гаруа, Јаунде победил со 1-0 во 3. натпревар1972Детали Хафија4 - 2 СимбаСтадион 28 септември, Конакри Симба2 - 3 ХафијаСтадион Накивубо, Кампала победила со вкупен резултат 7 - 41973Детали Асанте Котоко4 - 2 Вита Клуб Стадион Кумаси, Кумаси Вита Клуб 3 - 0 Асанте КотокоСтадион 20 мај, Киншаса победил со вкупен резултат 5 - 41974Детали КАРА Бразавил4 - 2 Газл Ел МахалаСтадион на Револуцијата, Бразавил Газл Ел Махала1 - 2 КАРА БразавилСтадион Ел Махала, Махала ел Кубра победил со вкупен резултат 6 - 31975Детали Хафија1 - 0 Енугу РенџерсСтадион 28 септември, Конакри Енугу Ренџерс1 - 2 ХафијаНационален стадион во Лагос, Лагос победила со вкупен резултат 3 - 11976Детали Хафија3 - 0 МК Алжир Стадион 28 септември, Конакри МК Алжир 3 - 0(пенали: 4 - 1) ХафијаСтадион 5 јули 1962, Алжир победил по изведување на пенали со 4 - 1 (вк. резултат 3 - 3)1977Детали Хартс оф Оук0 - 1 ФК ХафијаСпортски стадион во Акра, Акра ФК Хафија3 - 2 Хартс оф ОукСтадион 28 септември, Конакри победила со вкупен резултат 4 - 21978Детали Хафија0 - 0 Канон Јаунде Стадион 28 септември, Конакри Канон Јаунде 2 - 0 ХафијаСтадион Омниспорт, Јаунде победил со вкупен резултат 2 - 0 1979Детали Хартс оф Оук1 - 0 Унион Дуала Спортски стадион во Акра, Акра Унион Дуала 1 - 0(пенали: 5 - 3) Хартс оф ОукСтадион Омниспорт, Јаунде победил по изведување на пенали со 5 - 3 (вк. резултат: 1 - 1)1980Детали Канон Јаунде 2 - 2 БилимаВоен стадион Гаруа, Јаунде Билима0 - 3 Канон Јаунде Стадион 20 мај, Киншаса победил со вкупен резултат 5 - 21981Детали ЈС Кабилија4 - 0 Вита КлубСтадион 1 ноември 1954, Тизи Узу Вита Клуб0 - 1 ЈС КабилијаСтадион 20 мај, Киншаса победила со вкупен резултат 5 - 01982Детали Ал Ахли3 - 0 Асанте КотокоИнтернационален стадион во Каиро, Каиро Асанте Котоко1 - 1 Ал АхлиСпортски стадион во Кумаси, Кумаси победил со вкупен резултат 4 - 11983Детали Ал Ахли0 - 0 Асанте КотокоИнтернационален стадион во Каиро, Каиро Асанте Котоко1 – 0 Ал АхлиСпортски стадион во Кумаси, Кумаси победил со вкупен резултат 1 - 01984Детали Замалек2 - 0 Шутинг СтарсИнтернационален стадион во Каиро, Каиро Шутинг Старс0 - 1 ЗамалекНационален стадион во Лагос, Лагос победил со вкупен резултат 3 - 01985Детали ФАР Рабат5 - 2 БилимаСтадион Принц Мулај Абделах, Рабат Билима1 - 1 ФАР РабатМобуту стадион, Лубумбаши победил со вкупен резултат 6 - 31986Детали Замалек2 - 0 Африка СпортсИнтернационален стадион во Каиро, Каиро Африка Спортс2 - 0(пенали: 2 - 4) ЗамалекСтадион Феликс Уфује-Буањи, Абиџан победил по изведување на пенали 4 - 2 (вк. резултат : 2 - 2)1987Детали Ал Хилал0 - 0 Ал АхлиСтадион Ал Хилал, Омдурман Ал Ахли2 - 0 Ал ХилалИнтернационален стадион во Каиро, Каиро победил со вкупен резултат 2 - 01988Детали Хартленд1 - 0 ЕС Сетиф Либерти стадион, Ибадан ЕС Сетиф 4 - 0 ХартлендСтадион Мухамед Хамлауи, Константин45,000 победил со вкупен резултат 4 - 11989Детали Раџа Казабланка1 - 0 МК ОранСтадион Мухамед V, Казабланка50,000 МК Оран1 - 0(пенали: 2 - 4) Раџа КазабланкаСтадион 19 јуни 1965, Оран40,000 победила по изведување на пенали 4 - 2 (вк. резултат : 1 - 1)1990Детали ЈС Кабилија 1 - 0 НканаСтадион 5 јули 1962, Алжир70,000 Нкана1 - 0(пенали: 2 - 4) ЈС Кабилија Индепанданс стадион, Лусака35,000 победила по изведување на пенали 5 - 3 (вк. резултат : 1 - 1)1991Детали Клуб Африкан6 - 2 ВилаСтадион Ел Мензах, Тунис40,000 Вила1 - 1 Клуб АфриканСтадион Накивубо, Кампала25,000 победил со вкупен резултат 7 - 3 1992Детали Видад Казабланка2 - 0 Ал ХилалСтадион Муhамед V, Казабланка Ал Хилал0 - 0 Видад КазабланкаСтадион Ал Хилал, Омдурман победила со вкупен резултат 2 - 01993Детали Асанте Котоко0 - 0 Замалек Спортски стадион во Кумаси, Кумаси Замалек 0 - 0(пенали: 7 - 6) Асанте КотокоИнтернационален стадион во Каиро, Каиро победил по изведување на пенали со 7 - 6 (вк. резултат : 0 - 0)1994Детали Замалек0 - 0<small> Есперанс Тунис Интернационален стадион во Каиро, Каиро Есперанс Тунис 3 - 1 ЗамалекСтадион Ел Мензах, Тунис победил со вкупен резултат 3 - 11995Детали Орландо Пајретс 2 - 2 АСЕК МимозасФНБ стадион, Јоханезбург АСЕК Мимозас0 - 1 Орландо Пајретс Стадион Феликс Уфје-Буањи, Абиџан победил со вкупен резултат 3 - 21996Детали Шутинг Старс2 - 1 Замалек Стадион Лекан Салами, Ибадан Замалек 2 - 1(пенали: 5 - 4) Шутинг СтарсИнтернационален стадион во Каиро, Каиро победил по изведување на пенали 5 - 4 (вк. резултат : 3 - 3)
КАФ Лига на шампиони (од 1997 година)