Магдалена Жантева-Наумоска (, Скопје) — интернист кардиолог, редовен професор и прва жена декан на Медицинскиот факултет во Скопје.д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. 111-114
Животопис Основно, средно и високо образование завршила во Скопје. По дипломирањето на Медицинскиот факултет се вработила на Интерната клиника во Скопје. Во 1977 година била избрана за помлад асистент по предметот „Интерна медицина“. Од 1987 година била раководител на ова одделение. Докторирала во 1990 година. За редовен професор била избрана во 2002 година. Во периодот од 2004 до 2009 година била декан на Медицинскиот факултет во Скопје.
Магдалена Жантева-Наумоска е член на Македонското, Европското, Средоземното и Светското кардиолошко здружение.
Наводи
Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски лекари