мини|291x291пкс|Водопад на влезот во Церјанската пештера мини|293x293пкс|Водопад на влезот на Церјанска пештера Церјанската пештера се наоѓа во југоисточна Србија, на 15 километри од Ниш, во близина на селото Церје. Таа се наоѓа на територија на нишката градска општина Пантелеј.
За пештерата Церјанската пештера се наоѓа во склоп на излетничкото место Каменички вис. Влезот на пештерата се наоѓа на надморска височина од 515 m, на местото каде Провалиската река потонува во подземјето. Пештерата е хидролошки активна. Според геолозите, оваа пештера настанала пред повеќе од 2 милиони години. Првото име на пештерата било Провалија. Главниот ходник на пештерата е долг 3360 м.
Имиња на пештерата
Церјанска пештера - официјално име на пештерата. Провалија - локално име, според името на рекичката која тоне во пештерата. Церјанка - име кое го дале првите истражувачи од Спелеолошкиот одсек на Планинарскиот сојуз на Белград (СОБ).
Пештерски накит Пештерата е украсена со пештерски накит како што се: сталактити, сталагмити, хеликтити, брановидни завеси, пештерски корали и кристални цветови. Од посебно значење се хелактитите или пештерските рози. Хелактитите се посебен вид на пештерски накит, кој спротивно на физичките закони и Земјината гравитација се формираат и распространуваат во сите правци поради делувањето на воздушните струи.
Заштита на пештерата Пештерата е под заштита од 1955 година. Заводот за заштита на спомениците на природата во 1998 година ја прогласил Церјанската пештера за природно богатство од прва категорија. Јавното претпријатие Дирекција за изградба на градот Ниш е задолжено за управување со пештерата, како и за заштита и развој на пештерата.
Наводи
Надворешни врски
Академски спелеолошко-алпинистички клуб (АСАК) - Церјанска пећина (српски) Уредба о заштити споменика пророде „Церјанска пећина“ (српски) Уредба о заштити споменика пророде „Церјанска пећина“ (српски)
Категорија:Пештери во Србија