Кејсар Сејфула кизи Кашиева (азербејџански: Qeysər Seyfulla qızı Kaşıyeva; 7 јуни 1893 година, Тбилиси – 17 април 1972 година, Баку) — азербејџански сликар. Се смета дека таа била првиот професионален женски сликар во азербејџанската историја.

Живот и придонеси Кашиева е родена во Тифлис (денес Тбилиси, главниот град на Грузија) во семејство на етнички азербејџански офицер на руската царска војска. Во периодот од 1907-1908 таа студирала професионално сликарство во рамки на Кавказкото уметничко општество, под менторство на Оскар Шмерлинг (кој подоцна работел како карикатурист за списанието издавано на азербејџански јазик, Molla Nasraddin). Нејзините први дела биле насликани со акварел, молив, мастило или јаглен.The Story of One Photograph. Zerkalo. 1 March 2008. Retrieved 19 June 2008 Тие биле Портретот на Гончаров (1909), Муслимански интелектуалец (1912 Година), Езерски брег (1914), Баба Јага (1915) и други. Таа исто така дезајнирала огласи и постери додека работела во Кавказкото добротворно општество за муслимански жени.Kashiyeva, Geysar Seyfulla qizi. Azerbaijan Gender Information Centre Во 1916 година таа се омажила за полковникот Ширин бег Касамански, кој во тоа време добиваше медицински третман во Тбилиси откако бил ранет во една од борбите за време на Втората светска војна. Тој умре непосредно по војната, во 1919 година. Нивната единствена ќерка Лаја подоцна била хемичар; таа почина во 1994 година.

По основањето на Азербејџанската Демократска Република во 1918 година, Кашиева се пресели во Баку. По советизацијата, таа даде уметност лекции и работеше како илустратор за списанието Шарг Гадини. Во 1930-тите години, таа стапи во брак со Зулфугар Сеидбејли, активен член на Комунистичката партија на Азербејџан. Во 1938 година Сегидбегли беше уапсен поради политички причини и депортиран заедно со Кашиева од Европска Русија. Таа се врати во Азербејџан во 1950-тите години и повторно се ангажирала со уметничка работа. Таа починала во 1972 година, на возраст од 78. Нејзините дела се чуваат во Музејот на ликовни уметности во Баку.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Информации на воениот историчар, полковник-поручник Шамистон Назирли и уметничкиот критичар, академик Расим Ефенди за Ширин-бег и Каисар Азербејџански родов информативен центар

Категорија:Родени во 1893 година Категорија:Починати во 1972 година Категорија:Луѓе од Тбилиси Категорија:Азербејџански сликари Категорија:Ликовни уметници Категорија:Жени-уметници Категорија:Советски уметници