Дејан Кулушевски (роден на во Стокхолм) — шведски фудбалер со македонско потекло, играч од средниот ред на и на шведската репрезентација.Профил на Дејан Кулушевски на трансфермаркт

Технички карактеристики Висок, физички силен и разновиден играч, способен да игра во неколку улоги во средниот ред и нападот како офанзивен играч од средниот ред, box-to-box, крило на двете стани од теренот, па дури и како централен играч од средниот ред, во улогата на „мецала“; сепак, неговата омилена позиција е како офанзивен играч од средниот ред зад напаѓачот. Неговите главни квалитети се брзината, издржливост и способноста да го смени текот на акцијата или да обезбеди асистенции за соиграчите, благодарение на неговата визија и способноста за додавање. Тој исто така поседува добра техника, дриблинг, вештини и добар удар, што му овозможува да постигнува голови, покрај тоа што создава шанси за соиграчите.

Клупска кариера Бромапојкарна Роден во Стокхолм, Кулушевски ја започнал својата фудбалска кариера на 6-годишна возраст во екипата на Бромапојкарна, во која успешно настапувал во најдобрата младинска лига на Шведска.

Аталанта 2015-2018: младински години Во август 2015, Кулушевски потпишал договор со италијанската . Во првата сезона играл за тимот на Аталанта под 17 години, а веќе во втората на возраст од само 16 години дебитирал за Примавера тимот во поразот со 2-1 на гостувањето кај Фрозиноне на 21 јануари 2017. Во сезоната 2017-2018 тој бил стандарден во Примавера тимот на Аталанта забележувајќи 26 настапи на кој постигнал 5 гола и имал уште 10 асистенции. Како резултат на добрите игри за Примавера тимот, во април 2018 тренерот на првиот тим на Ла Деа Џан Пјеро Гасперини го повикал Кулушевски во првиот тим за натпреварот против Беневенто во Серија А, но сепак не добил можност да дебитира и останал неискористена замена. До крајот на сезоната тој уште трипати бил повикан во првиот тим и сите три натпревари ги започнал и ги завршил на клупата за резерви без да забележи ниту еден настап.

2018-2019: деби за првиот тим и титулата во Примавера Во ноември 2018 година, Кулушевски го продолжил договорот со Аталанта до 2023 година.Kulusevski ha rinnovato fino al 2023 atalantini.online Своето деби во Серија А, Кулушевски го направил на 20 јануари 2019, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Мартен Де Рон во 71-вата минута при победата со 5-0 на гостувањето кај Фрозиноне. Натпреварот го завршил со 100% точни додавања 14 од 14.

Следниот месец тој забележал уште два настапи, повторно влегувајќи од клупата за резерви, во поразите на неговиот тим од (1-3) и 2-0, завршувајќи ја сезоната со 3 настапи без гол.

Во меѓувреме покрај за првиот тим тој настапувал и за Примавера, давајќи огромен придонес за освојувањето на првенството. Во полуфиналето против Торино, тој асистирал за првиот гол, а потоа бил стрелец на вториот за Ла Деа во победата со 4-3 по продолженија. Конечно, тој му асистирал на Ебрима Коли во 84-тата минута за победеносниот гол во финалето против Интер (добиено со 1-0) со кој Аталанта триумфирала во Кампионато Примавера за прв пат после 21 година.

2019-2020: заемот кај Парма На 18 јули 2019 година, Кулушевски се преселил во , друг клуб од Серија А, на позајмица до крајот на сезоната со цел да добие повеќе простор за игра. Дебитирал за млекарите на 17 август во победата со 3-1 над во Купот на Италија, а седум дена подоцна дебитирал и во првенството во поразот (0-1) на домашен терен од . И покрај тоа што Кулушевски се соочувал со својата прва, вистинска сезона како професионалец, тој веднаш се етаблирал во почетниот состав на тренерот Роберто Д’Аверса и наскоро ги покажува своите квалитети. Својот прв гол во Серија А го постигнал на 30 септември во натпреварот Парма-Торино (3-2). На 14 декември 2019 година, Кулушевски го постигнал својот четврти гол во лигата, против ; тој станал најмладиот играч во петте најсилни лиги во Европа што постигнал повеќе од три гола до тој момент. Тој исто така бил еден од само двајцата играчи родени по 1 јануари 1999 година, заедно со Џејдон Санчо, кој направил најмалку седум асистенции во најдобрите пет европски лиги.

Откако бил прогласен за откритие на првиот дел од првенството, во јануари 2020 година, актуелниот шампион на Италија и водач на табелата во сезоната , го купил Кулушевски од Аталанта за 35 милиони евра (плус бонуси); во исто време оставајќи го играчот на позајмица во Парма до крајот на сезоната. На 25 јули 2020, постигнал прекрасен гол - негов деветти за сезоната - со прецизен дијагонален удар во далечниот агол со кој и донел победа на Парма на гостувањето кај . Својот десетти и последен гол за сезоната го постигнал против својот сега веќе поранешен клуб, Аталанта, во поразот на Тардини со 1-2 три дена подоцна.

Сезоната во Парма ја завршил со 10 гола и 9 асистенции и бил избран за најдобар млад играч во првенството.

Јувентус

Во август 2020, Кулушевски му се приклучил на Јувентус во подготовките за сезоната 2020-2021. Своето деби за Јувентус го направил на 20 септември 2020, во победата со 3-0 на домашен терен против ; во истиот тој натпревар го постигнал и првиот гол за бјанконерите по само 13 минути игра. Точно еден месец подоцна, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите, во победата со 2-0 против Динамо Киев. На 20 јануари 2021 година, тој го освоил својот прв трофеј како професионален фудбалер, играјќи како стартер во натпреварот од Суперкупот на Италија во кој бјанконерите преовладуваат со 2-0 над . По добриот почеток на сезоната, во продолжение доаѓа до пад во формата и послаби перформанси во неговите настапи што води до тоа почесто да биде на клупата. Сепак на 19 мај, тој бил голем протагонист при победата во финалето на Купот на Италија против неговиот поранешен клуб ; откако го отворил резултатот во првото полувреме носејќи му предност на својот тим, тој потоа му асистирал на Федерико Кјеза за победничкиот гол за 2-1 благодарение на кој Јувентус го подигнал трофејот.

На почетокот на следната сезона, на 20 октомври 2021 година, тој го постигнал својот прв гол во кариерата во Лигата на шампионите, и тој се покажал решавачки за победата на Јувентус со 1-0 над . Сепак, неговата втора сезона во Торино се покажала како комплицирана, бидејќи тој не можел да се покаже во најдобро светло кога и да бил повикан.

Тотенхем

На 31 јануари 2022, Кулушевски станал играч на Тотенхем, приклучувајќи му се на лондонскиот клуб на 18-месечна позајмица. Договорот бил вреден 10 милиони евра, кои Тотенхем ги платил за позајмицата, а во него исто така била вклучена и опција за откуп за дополнителни 35 милиони евра.

Своето деби за Спарс го направил на 5 февруари 2022, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Лукас Моура во победата со 3-1 на домашен терен над Брајтон во четвртата рунда на ФА купот. Четири дена подоцна, дебитирал во Премиер лигата, повторно заменувајќи го Моура во второто полувреме од поразот на домашен терен од Саутхемптон со 2-3. Својот прв погодок во дресот на Тотенхем го постигнал на 19 февруари, за време на гостинската победа со 2-3 кај лидерот во првенството во тој момент, Манчестер Сити. Седум дена подоцна, тој одново погодил за Тотенхем во победата со 4-0 на гостувањето кај . Во неговата прва сезона во Тотенхем, Кулушевски бил вклучен во 13 голови (пет гола и осум асистенции) на 18 натпревари за клубот во Премиер лигата. Сепак, тој се мачел следната сезона, поради „мешавина од повреди, лоша форма и веројатно лошо користење“.

На 17 јуни 2023, Кулушевски потпишал договор на трајна основа со Тотенхем Хотспар до 2028 година. Сезоната 2023-2024 под водството на новиот тренер Анге Постекоглу, Кулушевски ја започнал добро играјќи постојано како стартер и постигнувајќи неколку важни голови, вклучително и победничкиот во 100-тата минута од продолжението на натпреварот во кој петлите после пресврт го победиле со 2-1.

Репрезентативна кариера Поради потеклото на неговите родители Кулушевски има право да настапува за две репрезентации, Шведска и Македонија, и тој играл за двете во младинските категории.

Откако во 2016 година дебитирал за репрезентацијата на Македонија под 16 години, во летото 2017 година, Македонија направила обид да го придобие играчот да ја избере репрезентацијата на потекло на неговите родители нудејќи му на Кулушевски место во сениорската репрезентација. Сепак, тој одлучил да каже "не", поради тоа што сакал да ја претставува Шведска во иднина.

Во ноември 2019 година, бил повикан за прв пат во сениорската репрезентација на Шведска за квалификациските натпревари за Европското првенство 2020 против и . Своето деби го направил на 18 ноември, влегувајќи како замена на местото на Кен Сема, во победата со 3-0 над Фарските Острови.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 22 јануари 2019.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2018-2019 А 3 0 КИ 0 0 ЛЕ - - - - - 3 0 2019-2020 А 36 10 КИ 3 0 - - - - - - 39 10 2020-2021 А 35 4 КИ 5 3 ЛШ 6 0 СИ 1 0 47 7 2021-јан. 2022 А 20 1 КИ 1 0 ЛШ 5 1 СИ 1 0 27 2Вкупно Јувентус 55 5 6 3 11 1 2 0 74 9јан.-јун. 2022 ПЛ 3 1 ФАКуп+ЛК 1+0 0 ЛК 0 0 - - - 4 1Вкупно во кариерата 97 16 10 3 11 1 2 0 120 20

Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Шведска20191020207120211202022712023812024102Вкупно455

Титули Клупски Аталанта Кампионато Примавера : 1 2018-2019

Јувентус Куп на Италија : 1 2020-2021 Суперкуп на Италија : 1 2020

Тотенхем УЕФА Лига Европа : 1 2024-2025

Поединечни Серија А награди: 1 Најдобар млад играч: 2019-2020

Наводи

Надворешни врски Дејан Кулушевски на soccerway Дејан Кулушевски на transfermarkt

Категорија:Фудбалери од Стокхолм Категорија:Македонци во Шведска Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери на ФК Парма Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Македонски иселенички фудбалери