мини|313x313пкс|Оревњача Оревњача е хрватски традиционален колач, кој обично се прави за време на празници, како Божиќ, Велигден, за свадби или други свечени прилики. Подготовка Колачот се подготвува така што замесува тесто со квасец, млеко и шеќер, кое откако ќе отстои се расукува во потенка кора. Се премачкува со фил кој се прави од мелени ореви, млеко засладено со мед или шеќер, цимет, корка од лимон, рум, а потоа се витка во форма на ролат. Ролатот може да се остави во права форма или да се свитка во форма на потковица, или да се даде друг посакуван облик, и потоа се пече. Печениот колач додека е уште топол се посипува со шеќер во прав.
Наводи
Надворешни врски
Milan Krmpotić - Božićna priča Ličkih novina, Orahnjača (хрватски)
Категорија:Хрватска кујна