Новогард (, ; ) — град во Голењувскиот Округ на Западнопоморското Војводство, северозападна Полска. Населението брои 16.756 жители (2017).Податоци за Новогард на 31 декември 2017 г. — Полска во бројки
Име Името е кованка од зборовите нови и гард, што значи град на некогашниот поморски јазик.
Местоположба Градот се наоѓа на североисточно од Шчеќин и јужно од балтичкиот брег.
Историја Местото настанало како средновековно утврдување (град) и првпат споменува во 1268 г. како Ногарт во повелбата на поморскиот кнез Барним I, со која местото ѝ се предава на Каминската епископија како нејзин посед. Тука епископите подигнале замок.nowogard.pl Во 1274 г. гратчето и околината биле под управа на Ото фон Еберштајн и останале во сопственост на семејството сè до 1663 г. Во 1309 г. Новогард е прогласен за град, усвојувајќи ги германските закони.
Во првата половина на XIV век се подигнати утврдувања со долгнавесто пазариште во средината. Тука е подигната управната зграда и црквата. По смртта на последниот член на семејството Еберштајновци, во 1663 г. Нојгард му припаднал на Ернст Богуслав Крој, а во 1684 г. прешол во владение на изборни кнезови на Бранденбург.
Во Источнопоморската операција за време на Втората светска војна, Црвената армија разурнала околу 60 отсто од градот. На 5 март 1945 г. градот е зазеден од советската војска и предаден на Полска. Населението е истерано или пребегало, а на негово место се населени Полјаци.
Знаменитости Главна знаменитост на Новогард е големото езеро кое се протега до градскиот центар. Долго е , а широко 620 м. Непосредната околина на градот е пошумена.
Познати личности Фридрих Михаел Цајгенхаген (1694 – 1776) — германски свештеник court preacher of британскиот крал Џорџ I
Збратимени градови Новогард е збратимен со следниве градови:
Велес, Македонија Гицков, Германија Кевлинге, Шведска Хајде, Германија
Поврзано Новогард (општина)
Наводи
Надворешни врски
Управен портал на Новогард — официјално мрежно место
Категорија:Градови во Западнопоморското Војводство Категорија:Новогард (општина) Категорија:Голењувски Округ