Блага Петреска ( во ) — македонска пејачка на македонски изворни и новокомпонирани песни.
Животопис
Завршила нижо музичко училиште во Прилеп, средно музичко училиште и Виша педагошка академија во Скопје. Три години работела како наставник во нижото музичко училиште во Прилеп, а три и пол децении како член на хорот при операта на Македонскиот народен театар во Скопје. Ја играла насловната улога во драмата „Коштана“ заедно со Петре Прличко. Првите снимки како изведувач ги направила со оркестарот на Кочо Петровски. За РТБ, а подоцна за повеќе македонски издавачки куќи снимила голем број плочи, ЦД и други носачи на звук со разни оркестари и групи. Има снимено и дуети со Гоце Арнаудов Пеам да не заплачам, и со Ефто Пупиновски Песна може се, Зоро моја Зорице и Кај ме залуди Калино.
Спотови {| class="wikitable" |- ! Спот !! Година !! Режисер |- | Чувај ме || 1986 || — |- | Три збора,три изгора || 1986 || — |- | Песната може се|| 1992 ||— |- | Зоро моја Зорице || 1993 || Благоја Марковски |- | Свири ми свири невене || 1996 || Благоја Марковски |- | Пеам да не заплачам || 1997 || — |- |Што да таксам на господа || 1997 || — |- | Ти ме предаде || 2000 || МТВ |- | Студена солза || 2018 || ИН ТВ |- | Дојди ми || 2024 || МРТ 1 |- | Песна може се || 2024 || МРТ 1 |- | Мала ќе ти е Шар Планина || 2025 || МРТ 1 |- | Кој да запее || 2025 || МРТ 1 |- | Серенада за Прилеп || 2026 || Дац и Александар
Награди Награда на "Фолк Фест Валандово" за песната "Заљуби се" 1-награда од публиката (1987) Награда на фестивалот "Цветници" за песната Песната може се'' заедно со Ефто Пупиновски со прва награда од жири-комисијата (1992) Награда од жири за пената "Колку чини тагата" на Фестивалот "Филиграни" (2008) Награда за животно дело 3-ноември (2010) Награда "Гран при" на фестивалот "Филиграни" (2016) Награда животно дело на фестивалот "Филиграни" (2019) Награда за животно дело на фестивалот "Тумба фест" Куманово (2021) Награда за трајни вредности на фестивалот "Прилеп фест" (2022) Награда за трајни вредности на фестивалот "Фолк Фест Валандово" (2022) Награда за животно дело Златна бубамара на популарноста (2023) Награда за животно дело на Фолк Фест Валандово (2026)
Наводи
Надворешни врски Блага Петреска на YouTube Блага Петреска на Facebook - обожувателска страница
Категорија:Македонски пејачи Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски поп-фолк пејачи Категорија:Македонски фолк пејачи