Мирјана Кочова (моминско: Јончева; во , Србија) — македонски ендокринолог, педијатарка и универзитетска професорка на Медицинскиот факултет во Скопје.
Животопис
Професорката Мирјана Кочова Неделковска е педијатарка со субспецијализација по детска ендокринологија и медицинска генетика. Медицинскиот факултет го завршила во 1974 година, докторирала од областа на генетиката во 1988 година. Таа е редовен професор по педијатрија и хумана генетика на Медицинскиот факултет во Скопје од 1989 година.
Двапати е добитник на Фулбрајтовата стипендија преку која вршела цитогенетски истражувања кај леукемии (Бафало и Њујорк 1983/84) и на полето на ендокринологијата и генетиката (генетика на дијабетесот, ендокринолошки проекти во врска со вродена адренална хиперплазија и сексуалната амбивалентност како и имуногенетски проекти во врска со пресадување на панкреасни бета клетки) при што била визитинг професор на Питсбуршкиот универзитет (1991/94) и на усовршување во САД.
Д-р Кочова е шеф на Одделот за ендокринологија и генетика на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје и раководител на генетската лабораторија која вклучува и државни скрининг програми.
Во два наврати била директор на Клиниката за детски болести, била шеф на Катедрата за педијатрија и шеф на Катедрата за генетика при Медицинскиот факултет во Скопје.
Како главен истражувач и коистражувач учествувала во 21 научен проект од кои 16 меѓународни педијатриски списанија.
Наводи
Категорија:Луѓе од Земун Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски ендокринолози Категорија:Македонски педијатри