Вирџинија Апгар (англ. Virginia Apgar; 7 јуни 1909 — 7 август 1974) била американски акушерен анестезиолог најпозната како иноватор на Апгаровиот тест за новороденчиња, начин за брзо проценување на здравјето на новороденото веднаш по раѓањето со цел да се намали смртноста кај новороденчињата. Таа била водач во полето на анестезиологијата и тератологијата.
Кариера Таа специјализирала анестезиологија и педијатрија. Во нејзиното време, таа била водечки анестезиолог и основач на неонатологијата. На јавноста, и на своите родители, позната им е по својата медицинска иновација - Апгар тестот, со кој значајно се намалува процентот на смрт кај новороденчињата во светот.
Сакала да стане хирург, но поради обесхрабрувањето од страната на д-р Алан Виплиј се откажала. Се запишала за изучување на анестезиологијата и веќе во 1938 година станала директорка на новоформираното Одделение за анестезиологија при Клиниката во Колумбија.
Вирџинија, во 1949 година, постанува редовна професорка на Универзитетот во Колумбија, а во 1953 година почнува да го применува тестот, кој се практикува и ден денес и го носи името според нејзе.
Објавила повеќе од 60 научни работи и голем број текстови за дневните и неделните весници во САД, обидувајќи се да им го објасни правиот начин на мајките за грижата за нивните бебиња.
Наводи
Надворешни врски
Статии на Апгар Биографија на страната на Колумбија Биографија на МИТ Биографија на ПБС Ходник на славата: АПгар Статии на Апгар
Категорија:Американски научници Категорија:Американски лекари Категорија:Родени во 1909 година Категорија:Починати во 1974 година