Напад на мисија во Кина (англиски: Attack on a China Mission) - британски филм од 1900 година, во режија на Џејмс Вилијамсон, кој е автор и на сценариото.

Синопсис Дејството на филмот се одвива за време на Боксерското востание во Кина. Група Кинези го напаѓаат седиштето на британски мисионери при што еден човек се обидува самиот да им се спротивстави на напаѓачите за да ја одбрани жената. Сепак, напаѓачите се побројни и успеваат да го совладаат. За среќа, британските војници ги напаѓаат кинеските бунтовници и ги ослободуваат заробениците.IMDb, Attack on a China Mission (1900) (пристапено на 3.11.2018)

Наводи

Категорија:Британски филмови Категорија:Филмови од 1900 година Категорија:Неми филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови на Џејмс Вилијамсон Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Кина Категорија:Акциони филмови Категорија:Воени филмови