Милан Пантиќ (18 декември 1954 – 11 јуни 2001) бил српски новинар убиен од непознати сторители на 11 јуни 2001 во Јагодина.

Животопис Пантиќ работел како новинар за Вечерње новости, главно известувајќи за криминал и судски процеси во Јагодина. За написите коишто ги пишувал добивал телефонски закани.

Смрт Милан Пантиќ бил убиен на 11 јуни 2001 година пред 8 часот изутрина во близина на влезот на зградата на неговиот стан од страна на непознати напаѓачи, кои го нападнале со тап предмет. Тој бил излезен до продавница да купи леб. Организацијата на медиуми од Југоисточна Европа го осудила убиството барајќи од српските и југословенските власти да ги идентификуваат и да ги казнат сторителите. Во 2014 Станко Којиќ (кој во 2013 бил осуден на 32 години затвор за геноцидот во Сребреница) бил викнат на распит за убиството. Во 2016 случајот уште не бил расветлен а Дуња Мијатовиќ, претставничка за слободата на медиумите при ОБСЕ ги повикала српските власти да ги зголемат напорите за наоѓање и казнување на убијците.

Наводи

Поврзано Слободата на медиумите во Србија Список на новинари убиени во Европа

Категорија:Српски новинари Категорија:Убиени новинари Категорија:Починати во 2001 година Категорија:Родени во 1954 година