Белковинско потсемејство — степен во класификацијата на белковините врз основа на нивните блиски еволутивни односи. Ова ниво се наоѓа под повисоките степени на белковинско семејство и белковинско натсемејство.

Белковините обично делат поголема сличност во аминокиселинската низа и функцијата со членовите во склоп на едно потсемејство, отколку со членовите на семејството. На пример, во SCOP системот за класификација, членовите на едно потсемејство споделуваат исто посредиште на заемодејство и заемодејствени партнери. Овие критериуми се построги отколку кај семејството, каде членовите имаат слични структури, но можат да бидат подалечно сродни и да имаат различни поседишта. Постојат различни методи за назначување на потсемејство, вклучувајќи сличности во низата, низни мотиви поврзани со функцијата, или филогенетски клад. Не постои прецизна и доследна разлика меѓу белковинско потсемејство и семејство. Иста група на белковини понекогаш може да биде опишана како семејство или како потсемејство, во зависност од контекстот.

Наводи

Надворешни врски

SCOP DB на Кембриџ, Велика Британија (англиски) CATH белковинска структура DB (англиски)

с

Категорија:Белковини Категорија:Класификација на белковините Категорија:Белковински семејства