Данило Николиќ (српски: Данило Николић, Сплит, 1926 - Белград, 6 февруари 2016) - српски писател.
Животопис Данило Николиќ е роден во Сплит, во 1926 година, а детството и младоста ги поминал во Метохија. Основното и средното образование ги завршил во Пеќ, а дипломирал на Правниот факултет во Белград. Потоа, работел како соработник во Радио Белград, напредувајќи од функцијата на уредник на културно-уметничките програми до уредник на драмската програма.Данило Николић, Фајронт у Гргетегу. Београд: Нолит, 1998.
Творештво Николиќ е автор на неколку збирки раскази, книги за деца и романи. Тој е застапен во неколку антологии на повоените српски раскази и на српската сатира. Исто така, тој е автор и на неколку радио-драми и телевизиски драми. За романот „Кралица на забавата“ ги добил наградите „Борисав Станковиќ“, „Бранко Ќопиќ“ и Нолитовата награда; за збирката раскази „Влегување во светот“ во 1997 година ја добил Андриќевата награда; а за романот „Фајронт во Гргетег“ ја добил НИН-овата награда во 1998 година.
Библиографија Николиќ е автор на следниве дела: Мали пораки (Мале поруке) Список на грешките (Списак грешака) Список на заслугите (Списак заслуга) Проветрување на владетелите (Проветравање владара) Влегување во светот (Улазак у свет) Враќање во Метохија (Повратак у Метохију) Пат за пријателите (Пут за пријатеље) Тие ги сакаа срните (Они су волели срне) Некој часовник, некој будилник (Неко сат, неко будилник) Сопственици на поранешната среќа (Власници бивше среће) Фајронт во Гргетег (Фајронт у Гргетегу) Кралица на забавата (Краљица забаве)
Наводи
Категорија:Српски писатели Категорија:Родени во Сплит Категорија:Родени во 1926 година Категорија:Добитници на Андриќевата награда Категорија:Добитници на НИН-овата награда Категорија:Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград)