Хромодоменот (хроматин организационен модификатор) е белковински структурен домен од околу 40-50 аминокиселински остатоци, кој најчесто се среќава во белковините поврзани со ремоделирање и манипулација на хроматинот. Овој домен е високо сочуван кај растенијата и животните, а е застапен во голем број на различни белковини, во мноштво на геноми. Некои гени кои содржат низа за кодирање на хромодомен, имаат голем број на изоформи на алтернативен сплајсинг кај кои недостасува хромодоменот. Кај цицачите, белковините кои содржат хромодомен се одговорни за аспекти од генската регулација поврзана со ремоделирање на хроматинот и формирање на региони на хетерохроматин. Белковините кои содржат хромодомен, исто така се врзуваат за метилирани хистони и се појаваат во RITS (од анг. RNA-induced transcriptional silencing) комплексот.

Поврзано

Бромодомен Хромо сенка домен

Наводи

Надворешни врски

Ремоделирање на хроматинот: Хромодомени на cellsignal.com

Категорија:Белковини Категорија:Белковински домени Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ