SRC хомологен 3 домен (или скратено SH3 домен) е мал белковински (белковински) домен од околу 60 аминокиселински остатоци. Првично, SH3 бил опишан како сочувана низа во вирусниот адапторна белковина (анг. Signal transducing adaptor protein, STAP) v-Crk. Овој домен е исто така присутен во фосфолипазата и неколку цитоплазматски тирозински кинази, како што се Abl (Abelson murine leukemia viral oncogene homolog 1) и Src (Tyrosine-protein kinase CSK). Исто така е идентификуван во неколку други белковински фамилии, како што се: PI3 киназа, Ras натсемејство GTPаза активирачка белковина, CDC24 и cdc25. SH3 домените се наоѓаат во белковините на сигналните патишта кои го регулираат цитоскелетот, Ras белковината, Src киназата и многу други. SH3 белковините стапуваат во интеракција со адапторните белковини и тирозинските кинази. SH3 белковините обично се врзуваат далеку од активното место кога стапуваат во интеракција со тирозинските кинази. Во човечкиот геном има околу 300 SH3 домени. SH3 доменот е одговорен за контрола на замодејствата белковина-белковина во сигналните патишта и регулација на интеракциите на белковините кои се вклучени во цитоплазматската сигнализација.
Структура SH3 доменот има карактеристичен склоп на бета цилиндар (анг. beta barrel), кој се состои од пет или шест β-нишки распоредени во две збиени антипаралелни β плочи. Линкер регионите може да содржат кратки завојници. Склопот на SH3 доменот е древен склоп, бидејќи се наоѓа и кај еукариотите и кај прокариотите.
Белковини со SH3 домен
Адапторни белковини за пренесување на сигнали CDC24 Cdc25 PI3 киназа Фосфолипаза Ras GTPаза активирачка белковина Vav прото-онкоген GRB2 p54 S6 киназа 2 (S6K2) SH3D21 C10orf76 (веројатно) STAC3 Некои миозини SHANK1,2,3 ARHGAP12 C8orf46 TANGO1 Интеграза Фокална адхезиона киназа (FAK, PTK2) Тирозинска киназа богата со пролин (Pyk2, CADTK, PTK2beta) TRIP10 (cip4)
Поврзано
SH2 домен Белковински домен
Наводи
Надворешни врски
Nash Lab домени кои стапуваат во интеракција со белковини во тек на преносот на сигнали - SH3 доменот (англиски) GENEART (англиски)
Категорија:Белковини Категорија:Белковински домени Категорија:Структура на белковините