Тиоредоксински склоп — белковински (белковински) склоп кој е заеднички за ензимите кои го катализираат создавањето на дисулфидните врски и изомеризацијата. Склопот е именуван по тиоредоксинот (класа на мали редокс белковини) и може да се најде и кај прокариотските и кај еукариотските организми. Тој е пример за алфа/бета белковински склоп со оксидоредуктазна активност. Просторната топологија на склопот се состои од четири-верижна антипаралелна бета-плоча, која се наоѓа во сендвич меѓу три алфа-завојницаа. Топологијата на бета нишките е 2134, каде 3 е антипаралелна на останатите.

Сочуваност на низата И покрај тоа што постои голема варијабилност во низата, тиоредоксинските белковини споделуваат иста низа на активното место, со две реактивни цистеински остатоци: Cys-X-Y-Cys, каде X и Y се често, но не секогаш, хидрофобни аминокиселини. Редуцираната форма на белковината содржи две слободни тиолни групи на цистеинските остатоци, додека оксидираната форма содржи дисулфидна врска меѓу нив.

Формирање на дисулфидни врски Различните белковини кои содржат тиоредоксин се разликуваат многу во нивната реактивност и во pKa на нивните слободни тиоли, што произлегува од способноста на целокупната структура на белковината да го стабилизира активираниот тиолат. Иако структурата е прилично доследна меѓу белковините кои го содржат тиоредоксинскиот склоп, pKa вредноста е исклучително чувствителна на мали варијации во структурата, особено поставеноста на атомите од полипептидниот ’рбет во близина на првиот цистеин.

Примери Човечки белковини кои го содржат овој склоп се:

DNAJC10 ERP70 GLRX3 P4HB; P5; PDIA2; PDIA3; PDIA4; PDIA5; PDIA6; PDILT QSOX1; QSOX2 STRF8 TXN; TXN2; TXNDC1; TXNDC10; TXNDC11; TXNDC13; TXNDC14; TXNDC15; TXNDC16; TXNDC2; TXNDC3; TXNDC4; TXNDC5; TXNDC6; TXNDC8; TXNL1; TXNL3

Наводи

Creighton TE. (2000). Protein folding coupled to disulphide-bond formation. In Mechanisms of Protein Folding 2nd ed. Editor RH Pain. Oxford University Press.

Надворешни врски

SCOP тиоредоксинско натсемејство (англиски) CATH топологија на глутаредоксин (англиски)

Категорија:Белковини Категорија:Белковински склопови Категорија:Белковински домени