Дунав (гер. Donau, слов. Dunaj, унг. Duna, ром. Dunărea, хрв. Dunav, ср. Дунав, укр. Дунай) — втора најдолга река во Европа по Волга.
Таа е единствената голема река во Европа, која тече во насока од запад на исток. Извира од планината Шварцвалд (со надморска височина на изворите 1078 метра) во Германија, каде што две помали реки, Бригах и Брег, се сливаат во селото Донауешинген и оттаму реката се нарекува Дунав. Од тоа место таа тече на југоисток во продолжение на 2859 км, вливајќи се преку делта (која се граничи со Украина) во Црно Море на романска територија.
Поминува низ многу земји од средна и источна Европа: Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Бугарија, Романија, Молдавија и Украина. Минува низ повеќе главни градови и тоа: Виена, Братислава, Будимпешта, Белград.
При вливот во Црно Море таа се разделува на три ракава – Килиски, Сулински и Георгиевски. Најсеверниот – Килискиот ракав, служи за граница на Романија и Украина. Средниот ракав – Сулинскиот, е најполноводниот и најдлабокиот.
Историја
Реката Дунав секогаш била важна врска меѓу Западна Европа и Црно Море. Во III век таа е северна граница на Римското Царство (и на латински е наречена Danubius), а тврдините, изградени на бреговете, служеле за заштита од нападите на Готите, Хуните и Словенските племиња. Подоцна Дунав бил пат за достап до Цариград. Крстоносците ја користеле реката како транспортна артерија за походите до Светите места.
Реката Дунав започнува да се користи како трговска врска во XVIII век. Марија Тереза, царицата на Австрија од Хабсбуршката династија, формира комисија, која го регулира пловењето по реката. Во XIX век Дунав се претвора во важна трговска врска меѓу Западна Европа и земјите од Балканскиот Полуостров.
Притоки
Дунав станува пловна река, откако прима многу алпски притоки. Околу 30 од нејзините 300 притоки исто така се пловни. Поважни се: Ин, Морава, Драва, Тиса, Сава и Прут. Длабочината на Дунав на места е повеќе од 30 м. За време на месеците мај и јуни реката е најполноводна. Во зима над реката се образуваат густи и непрогледни магли, а поради ниските температури површинските слоеви замрзнуваат.
Сообраќај
Реката Дунав е важен меѓународен воден пат. Тој е определен од Европската Унија за трансевропски транспортен коридор № 7. Тој минува низз 9 држави.
Некои големи градови, кои се расположени на реката, се: во Германија: Улм, Инголштат, Регенсбург, Пасау; во Австрија: Линц, Кремс, Виена; во Словачка: Братислава; во Унгарија: Будимпешта; во Хрватска: Вуковар; во Србија: Нови Сад, Белград; во Романија: Турну Северин, Браила, Галац, Тулча; во Бугарија од запад на исток се градовите Видин, Лом, Козлодуј, Орјахово, Никопол, Белене, Свиштов, Русе, Тутракан и Силистра.
Културно значење Дунав како тема во уметноста и во популарната култура Некои дела од областа на уметноста и популарната култура ја обработуваат реката Дунав, како на пример: „Дунав“ - расказ на рускиот писател Едуард Лимонов.Едуард Лимонов, Девојка-ѕвер!. Скопје: Темплум, 2007, стр. 90-96. „Големиот господин Дунав“ (Велики господин Дунав) - песна на српскиот поет Васко Попа.Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 130. „Ивчистил се бел Дунав избистрил се“ - македонска народна песна.Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 80. „Рано ранила Петкана“ - македонска народна песна.Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 117. „На убавиот син Дунав“ (An der schönen, blauen Donau) - валцер на австрискиот композитор Јохан Штраус.
Наводи
Категорија:Реки во Европа Категорија:Реки во Австрија Категорија:Реки во Бугарија Категорија:Реки во Германија Категорија:Реки во Романија Категорија:Реки во Словачка Категорија:Реки во Србија Категорија:Реки во Унгарија Категорија:Реки во Хрватска Категорија:Погранични реки Категорија:Бугарско-романска граница Категорија:Реки во Баварија Категорија:Реки во Баден-Виртемберг Категорија:Српско-хрватска граница Категорија:Срем Категорија:Меѓународни реки во Европа Категорија:Дунавски слив