Леска () село во Општина Пустец, Област Горица, Албанија. Селото припаѓа во географската област Мала Преспа. Во 2007 година, селото имало 350 жители.Бело, Раки. Селищни имена в Мала Преска - Албания, во: Македонски преглед, ХХХ, №3, стр. 135

Географија и местоположба Леска е најдалечното село до градот Горица (Корча), а инаку соседни се Ѕвезда и Полена (населени со Албанци).

Топонимија Во атарот на Леска се познати следниве позначајни топоними:

Ваковското Нивје, Голиње, Горна Леска, Горна Чезма, Горниците, Гропата, Дунојца, Зад Корија, Зли Дол, Иван, Ќафа, Коријата, Крајбрег (Кројбек), Круша (Дардаза), Ладиње, Леска, Лизгалата, Лозница, Љаска, Над Камен, Палје, Пепелајца, Плетваро, Плочи, Садо Калдрма, Суљмајнца, Трпојца, Турските Гробишта, Филаќето, Џавото Кладенче, Шумнајца.

Историја За Леска има премногу легенди како таа е изградена, но едиственото сметање е тоа дека името го добила поради многу бројните дрва на растението леска уште пред да се отворат границите во Албанија (пред 90`) кога била населена во денешна Ласка или турските гробишта. После заминувањето на населението Леска броела 5 фамилии (3 македонски и 2 турски). Поради полошите услови а потебата за подобри населението се премести каде е денешна Леска и тука започнале нов живот.

Демографија Во Леска главно живеат луѓе од македонска народност.

ГодинаНаселение 1926 68 1945 84 1960 149 1969 157 1979 182 1989 215 2000 2322007305

Родови Леска е македонско село.

Родови во селото се: Казлеровци, Мазенковци, Настовци, Пандовци, Поповци, Ристовци, Стојановци, Трајковци и Џаферовци.

Личности Спасе Мазенковски (1953-2018) — писател, новинар и публицист и еден од најголемите поборци за правата на Македонците во Албанија; Сотир Ристо — македонско-албански поет; Едмонд Сотир — македонски глумец; Петар Стојан

Поврзано Голо Брдо

Наводи

Категорија:Села во Албанија Категорија:Пустец (општина) Категорија:Македонски населби во Албанија