Ален () – град во округот Источен Алб во источниот дел на сојузната покраина Баден-Виртемберг во Германија. Од 1 април 1956 година Ален има статус на „Гросе Крајсштат“ (главен град на округот)
Во Ален забележливи се бројните градби со дрвена конструкција фахверк изградени од 16 до 18 век.
Географија Ален се наоѓа во горниот тек на реката Кохер, во подножјето на Швапска Јура на југ и југоисток и близу брдовитиот Елвангер на север, во сојузната покраина Баден-Виртемберг во округот Источен Алб, 70 км источно од Штутгарт и 48 км северно од Улм. Седиште е на округот Источен Алб и негов најголем град.
Градот се наоѓа на надморска висина од 430 метри. Површината на општината изнесува 146,6 км2 и е рангиран на 7-мо место во Баден-Виртемберг.
Население Во самиот град, според податоци од 2015 година, живееле 67.344 жители. Просечната густина на населението била 454 жители /км2. Според населението Ален е 15. најнаселено место во Баден-Виртемберг.
Збратимени градови Ален е збратимен со следните градови Partnerstädte sur www.aalen.de</ref> : 20px Антакија, Турција од 1995 г. 20px Крајстчерч, Англија од 1981 г. 20px Сен Ло, Франција од 1978 г. 20px Татабања, Унгарија од 1987 г. 20px Червија, Италија од 2011
Наводи
Надворешни врски
Town of Aalen’s website Geographical information system of the town of Aalen (германски)
Категорија:Градови во Баден-Виртемберг Категорија:Источен Алб Категорија:Слободни царски градови Категорија:Виртемберг Категорија:Населени места основани во 7 век