Христо Иванов Батанџиев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и еден од основачите на Македонската револуционерна организација (МРО).
Животопис Христо Батанџиев е роден во Гуменџе, Ениџевардарско. Се школувал во родното село, каде што подоцна и учителствувал. Тој најпрво работел како учител во солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а потоа бил секретар во солунската црковно училишна општина и Егзархиската Митрополија во Солун.
Како патриот, загрижен за судбината на Македонија ѝ пристапил на групата македонски интелектуалци-истомисленици, со кои во Солун ја основале Македонската револуционерна организација. Организацијата е основана на 23 октомври 1893 година (стар стил) во неговото живеалиште.
По Младотурска револуција во 1908 година и Хуриетот бил активен член на Сојузот на бугарските конституциони клубови во Македонија.
Во текот на Балканските војни, Батанџиев заедно со уште 183 други Македонци од Солун и Солунско, бил уапсен од грчката војска. Некои од нив, вклучувајќи го и Батанџиев, требале да бидат интернирани со брод од Солун до островот Трикери. Загинал заедно со архимандритот Евлогиј во 1913 година, бил фрлен и удавен во Егејското Море од страна на Грците.
Денес во софискиот кварт Орландовци е именувана една улица по него Енциклопедия „България“, том 1, Издателство на БАН, София, 1978, стр. 222.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 17., а во Скопје е именувана една спортска сала во општината Ѓорче Петров.
Наводи
Категорија:Членови на Сојузот на бугарските конституциони клубови Категорија:Македонски револуционери Категорија:Луѓе од Гуменџе Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Основачи на МРО Категорија:Родени во 1869 година Категорија:Починати во 1913 година