Свети Атанасиj – главна и единствена црква во селото Рилево. Сместена е во крајниот северозападен дел од селото.

Историја Според ктиторскиот натпис во прозорецот на јужната певница, црквата била изградена од мајсторот Иван од Кичево. Фрескописана била во 1626/1627 година од зографот Јон од грамоското влашко село Линотопи.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Влезот е сместен на источната страна. На јужниот ѕид има ниша со фреска, а фрескописан и источниот ѕид во делот над апсидата. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е фрескоживописана. Фреските се со понизок квалитет. Фигурите се со рамни тела, без снага и без хармонични пропорции.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата се неоѓа непосредно од левата страна од влезот на црквата. Таа има шестаголна основа и на секоја страна во горниот дел има по една монофора. Влезот на камбанаријата се наоѓа на источната страна и пред него има натстрешница покриена со ќерамиди, додека над натстрешницата има квадратно окно.

Галерија

Поврзано Рилево Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Долненско-секиречка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Рилево Рилево Атанасиј, Рилево