Туннелот Долмабахче-Бомонти (турски: Dolmabahçe–Bomonti Tüneli) — патнички тунел кој се наоѓа во Истанбул, Турција и кој ја поврзува населбата Долмабахче во областа Бешикташ и Бомонти во округот Шишли. Тунелот бил отворен во 2010 година и има должина од 2.360-2.390 метри и е 40 метри под земја.

Тунелот е дел од проектот на општината Истанбулска Митрополија за изградба на седум тунели за „Градот на Седумте Ридови“, кој е прекар на Истанбул. Тунелот бил отворен на 14 јуни 2010 година како втор тунел на овој проект по тунелот Кагитане-Пијалепаша по три години изградба. Неговиот југоисточен влез се наоѓа северно од стадионот Инону во Долмабахче. Северозападниот влез се наоѓа во Бомонти.

Со користење на двата тунели, времето на возење помеѓу Долмабахче и Кагитане за време на сообраќајните часови паѓа од 45 минути до 5 минути при брзина на движење од околу 70 км / ч.

Категорија:Бешикташ (Истанбул) Категорија:Шишли (Истанбул) Категорија:Тунели во Истанбул