Основно училиште „Св. Климент Охридски“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Тработивиште; скратено: ПООУ „Св. Климент Охридски“) — подрачно основно училиште во селото Тработивиште, составен дел на истоименото училиште од градот Делчево.
Училиштето е именувано по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Тработивиште, на самото сретсело.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Делчево Тработивиште Категорија:Тработивиште