Алириза Лога (албанскиː Aliriza Loga; Ливада, - , ) — македонски политичар, поранешен пратеник во Македонското Собрание.MEMBERS OF PARLIAMENT -ALIRIZA LOGA
Животопис Лога е роден на 17 март 1947 година во струшкото село Ливада. То дипломирал на Природно-математичкиот факултет, на група Хемија. Од 1973 година до 1981 година, тој работел како професор по предметот Хемија во Гимназијата во Струга. Лога бил еден од првите членови и основач на Партијата за демократски просперитет. Со одвојувањето од Партијата за Демократски просперитет станал член на Партијата за Демократски просперитет на албанците, во која бил и член на Претседателството на Партијата. Од 1991 година до 1996 година бил директор на Основното училиште „Наим Фрашери“ во селото Делогожди. Од 1998 година, тој бил пратеник во Собранието на Македонија и претседател на Комисијата за образование и наука. Починал на 18 декември 2000 година во Струга.СТЕНОГРАFСКИ БЕЛЕШКИ ОД 59-ТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОДРЖАНА НА 18 ДЕКЕМВРИ 2000 ГОД.
Наводи
Категорија:Луѓе од Ливада Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски средношколски професори Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Југословенски средношколски професори Категорија:Македонски политичари Категорија:Политичари од ПДП Категорија:Пратенички состав 1998-2002 Категорија:Апсолвенти на Природно-математичкиот факултет - Скопје