десно|мини|267x267пкс| Дел од плочата со имиња на кралеви од Абидос Абидос (, ) староегипетски свет град, на левиот брег на Нил, каде што денес е селото Ел-араб-ел-Мадум. Тука се наоѓа еден од најважните археолошки наоѓалишта на древниот Египет, каде се наоѓаат бројни храмови, вклучувајќи го Ум ел Ка'аб, кралската некропола во која биле погребани првите фараони.

Абидос бил кралска гробница на првите две династии, а подоцна и центар на поклонение за обожување на Озирис, богот на сонцето и плодноста, кој според легендата тука бил убиен и погребан. Освен гробовите на фараоните од IV милениум п.н.е., зачувани се храмови од времето на Рамзес II и Сети I, додека други, меѓу кои и Рамзес III и Тутмос III, го разубавиле храмот посветен на Озирис. Храмот на Сети I е еден од најубавите, и помогнал при дешифрирањето на египетската историја. Во втората галерија се наоѓа релјеф, таканаречениот Список на кралеви од Абидос, каде се гледаат Сети и неговиот син Рамзес, кои принесуваат жртви на 76-те претходници.

Наводи

Надворешни врски

Храмот на Сети I во Абидос Ископувања во Абидос, Универзитет во Пенсилванија

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Египет